МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

6 декември 2019

6 декември 2019

– Концентрациите на ПМ10 честичките синоќа во Куманово беа неколку пати повисоки во однос на дозволените гранични вредности, граѓаните реагираа на социјалните мрежи и бараа надлежните да преземат итни мерки за намалување на аерозагадувањето.

– Најстудено утрово било во Берово каде се измерени -8 степени и во Крива Паланка -6 степени и во Маврово биле измерени -4. Најтопло утрово било Охрид, Претор, Битола, Гевгелија, Дојран, каде се измерени два степени и во Прилеп три степени.

– Владата денеска ќе го промовира проектот за проектирање и поставување на фотоволтаични системи. Проектот е имплементиран од страна на Министерството за финансии со средства од ЕУ за развој на руралната инфраструктура, во соработка со Светската банка, како посебен сегмент за ИПА рурални инвестиции во рамки на проектот за подобрување на општинските услуги.

– Амбасадорот на ЕУ во Тирана, Луиџи Сореца,ја даде својата подршка за изборот на Олсиан Чела за генерален државен јавен обвинител и членовита на Високиот судски совет (КЕД).

– Заменик-министерот за внатрешни работи на Албанија, Равена Вода, соопшти дека 3.135 граѓани се евакуирани и 5.497 домови се тешко оштетени по катастрофалниот земјотрес во земјата.

– Штрајкот што го наруши јавниот превоз и ги затвори училиштата низ Франција денеска влегува во втор ден, а синдикатите најавуваат дека планираат да штрајкуваат се додека претседателот Емануел Макрон не се откаже од планираната пензиска реформа.

– Германската канцеларка Ангела Меркел денеска ќе биде во прва прва посета на Меморијалот Аушвиц-Биркенау, откако таа ја презеде функцијата пред 14 години.

– Министерството за развој на рускиот Далечен исток и Арктикот очекува да се инвестираат 218 милијарди евра на Арктикот во текот на следните 15 години, како резултат на субвенциите обезбедени со стратегијата за развој на Арктичката зона на Русија до 2035 година, рече заменик-министерот за развој Александар Крутиков.

– Индиската полиција соопшти денеска дека четворица мажи осомничени за силување и убиство на жена во јужна Индија биле убиени за време на реконструкцијата на злосторството.

 

Back to top button
Close
Close