МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

26 август 2020

26 август 2020

– Нефи Усени, советникот на ДУИ во Општина Охрид по кого беше издаден налог за приведување, денеска сам се пријавил на органите на власта.

– Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги ја информира јавноста дека донесе одлуки со кои вкупната цена на испорачаната топлинска енергија на трите компании на територијата на Град Скопје во просек незначително се намалува.

– Во рамките на иницијативата за квадрилатерална соработка, Кипар, Грција, Франција и Италија се договориле за заедничко присуство во Источниот Медитеран, а прва активност е вежбата „ЕУНОМИЈА“, која од денеска до 28 август ќе се одржи во морскиот дел јужно од Кипар, јави дописничката на МИА од Атина.

– Две лица загинаа, а едно е повредено за време на немирите во градот Кеноша во американската држава Висконсин, кои траат веќе трета ноќ откако полицијата го рани афроамериканецот Џејкоб Блејк.

Back to top button
Close
Close