МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

26 август 2020

26 август 2020

– Министерството за здравство информира дека согласно извештајот на Институтот за јавно здравје, кој се однесува на периодот од 17 до 23 август се направени 11.129 тестирања на вирусот SARS-CoV-2. Регистрирани сe вкупно 839 нови позитивни случаи од 29 градови во државата и намалување од 7,0 отсто, во однос на минатата недела. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=281; 33,5 отсто). Во овој период, бројот на новопотврдени случаи е под 20 лица, во 16 града во земјата.

– Со изведување на предложените материјални докази од поранешниот собраниски спикер Трајко Вељановски денеска во Кривичниот суд во Скопје продолжи судењето за организаторите на настаните од 27 април во Собранието.

– Регуларно, за сите деца, но со строго почитување на мерките, на 1 септември 2020 година, во Грција се отвораат детските градинки, јави дописничката на МИА од Атина.

– Чешкиот претседател Милош Земан имаше операција по падот во кој ја скрши раката и е во стабилна состојба, изјави денеска неговиот портпарол Јиржи Овчачек.

– Американскиот заменик државен секратар Стивен Биган на средба синоќа со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров истакнал дека Русија е соочена со сериозни санкции доколку се потврди верзијата дека опозицискиот активист Алексеј Навални е отруен, јави прес-службата на руското МНР.

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close