МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

26 август 2020

26 август 2020

– Претседателот на СДСМ Зоран Заев денеска во 11 часот ќе го достави до Собранието предлог составот на новата Влада и програмата за нејзина работа.

– Судскиот предмет за петкратното убиство во Смилковско Езеро во април 2012, познат како „Монструм” денеска продолжува во Кривичниот суд Скопје. Ова е прво рочиште по завршување на судската ферија.

– До доцна синоќа, во спасувачка акција на крајбрежната служба на Грција, во Егејското море биле спасени 92 лица, странски државјани, веројатно мигранти, откако почнал да тоне чамец со кој пловеле 21 наутичка милја западно од островот Халки, јави дописничката на МИА од Атина.

– Министерството за здравство на Русија регистрираше сува вакцина против коронавирусот на центарот „Гамалеј“ за подготовка на раствор за интрамускулни инекции, соопшти прес-службата на руското Министерство.

– Во болниците во Пекинг, првпат од почетокот на пандемијата на коронавирусот во Кина, нема повеќе пациенти со Ковид-19.

Back to top button
Close
Close