МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

24 август 2020

24 август 2020

– Претседателот Стево Пендаровски синоќа се обрати на затворањето на осмото издание на Фестивалот за феминистичка култура и акција „Прво па женско“ и истакна дека оваа манифестација во континуитет придонесува за промовирање на родовата еднаквост и феминистичките вредности во нашето општество кое, како што рече, за жал, нема традиција на културни и активистички практики од овој тип.

– Договорите на Грција со Италија и Египет за одредување на Ексклузивната економска зона, денеска ќе бидат разгледани пред парламентарната комисија за национална одбрана и надворешни прашања, а во среда ќе бидат ратификувани од Парламентот, јави дописничката на МИА од Атина.

– Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, кој завчера беше пренесен во болница во Германија, ќе преживее, откако беше отруен, изјави Јака Бизлиј, активист и основач на Фондацијата „Филм за мир“.

– Во градот Киноша, во американска сојузна држава Висконсин, вчера избувнаа протести откако полицијата застрела невооружен Афроамериканец, поради што локалните власти воведоа полициски час.

Back to top button
Close
Close