МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

21 август 2020

21 август 2020

– Началникот на вооружените сили (ВС) на Кралството Холандија, Адмирал Роб Бауер, кој престојува во тридневна официјална посета на Република Северна Македонија, денеска престојуваше во Генералштабот на Армијата и Министерството за одбрана.

– Европскиот пат ќе биде главниот пат за државата во периодот што претстои, а нашата најголема битка во следната фаза ќе биде насочена на домашен терен, порача денеска досегашниот министер за надворешни работи Никола Димитров при влезот во Собранието, каде треба да почне седницата на која ќе се избере првиот човек на законодавното тело.

– Собранието на Република Северна Македонија ја продолжи конститутивната седница на која треба да биде избран претседател на законодавниот дом. Со 62 потписи на пратениците од СДСМ и Коалицијата „Можеме“, ДУИ и ДПА, Талат Џафери е предложен за уште еден четиригодишен мандат за претседател на Собранието.

– Денешната одлука на турските власти за претворање на манастирот Карије во муслиманска џамија претставува уште една провокација за сите религиозни луѓе и за меѓународната заедница, кои ги почитуваат спомениците на човечката цивилизација, соопштуваат од Министерството за надворешни работи на Грција по издадениот декрет од турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган за претворање на музејот Карије во џамија, јави дописничката на МИА од Атина.

– Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави денеска дека ќе ја реши ситуацијата во земјата во наредните денови.

– Во писмото до Советот за безбедност на Обединетите нации, иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф изјави дека САД немаат право да бараат повторно воведување санкции на ООН против Иран, воведени поради нуклеарната програма на таа земја.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close