МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

21 август 2020

21 август 2020

– Европската Унија негира дека изградбата на жичаната ограда на границата меѓу Србија и Северна Македонија е дел од некој договор со Белград.

– Командантот на вооружените сили на Кралството Холандија, адмирал Роб Бауер денеска ќе оствари средби со министерката за одбрана Радмила Шекеринска и неговиот колега генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски.

– На 43. Ден од антивладините протести во Бугарија демонстрантите го блокираа влезот на Комисијата за борба против корупцијата и незаконски стекна имот и бараа оставка од директорот Сорит Цацаров.

– Портпаролката на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, Кира Јармиш, изјави денеска дека сибирската болница во Омск, каде тој се наоѓа, одбила да му дозволи да биде транспортиран во подобро опремена установа, каде може да добие подобра грижа.

– Мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор изјави дека треба да се вратат парите украдени од корумпираните функционери, еден ден откако се појави клучен сведок во неговата борба против корупцијата, кој обвини поранешни претседатели, министри и пратеници за злоупотреби.

Back to top button
Close
Close