МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

20 август 2020

20 август 2020

– Во последните 24 часа се направени 1.653 тестирања, а регистрирани се 118 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје-55, Куманово-12, Дебар-1, Штип-5, Прилеп-9, Тетово-6, Струга-1, Велес-2, Битола-1, Охрид-3, Кавадарци-4, Гостивар-2, Струмица-1, Крива Паланка-2, Кочани-1, Пробиштип-1, Берово-1, Виница-3, Делчево-2, Кратово-1, Свети Николе-1, Кичево-4. Починати се тројца пациенти од Тетово (64 г.), Штип (82 г.) и Струга (74 г.), сите во болнички услови.

– Неизвесно е дали денеска ќе се одржи најавениот избор на претседател на Собранието. На функцијата треба да биде реизбран претседавачот и претседател на минатиот собраниски состав Талат Џафери, кој треба официјално да го закаже продолжението на конститутивната седница.

– Во Хрватска пристигна пратка со 128.000 маски за кои се вели дека сами го „убиваат“ коронавирусот, дизајнирани од израелски научници.

– Портпаролот на авиокомпанијата С7, со чиј авион рускиот опозициски лидер Алексеј Навални патувал кога се разболе, соопшти денеска дека Навални ништо не јадел ни пиел во текот на летото.

– Франција ќе ги продолжи воените операции против исламските борци во Мали, и покрај соборувањето на претседателот Ибрахим Бубакар Кеита во пучот од пред три дена, соопшти денеска француската министерка за одбрана Флоренс Парли.

Back to top button
Close
Close