МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

20 август 2020

20 август 2020

– Започна исплатата на повратот на ДДВ на граѓаните за месеците април, мај и јуни, односно второто тримесечје од 2020. Досега на сметките на над 140 илјади граѓани се легнати над 167 милиони денари или 2,7 милиони евра.

– Финска ги суспендира летовите од Северна Македонија до 29 август поради зголемениот број заразени патници со Ковид-19 кои доаѓаат од земјата во последниот период.

– Највисоките раководства на СДСМ и ДУМ синоќа на седници го поддржаа договорот за формирање ново парламентрано мнозинство и коалициска влада со четиригодишен мандат и ги утврдија кандидатите во владиниот кабинет, што ќе го предводи мандатарот Зоран Заев.

– Советникот за национална безбедност на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, Александрос Диакопулос, си поднесе оставка, поради, како што вели „изјавата што предизвика забуна и создаде проблем за премиерот и Владата“, што во никој случај не било негова намера, јави дописничката на МИА од Атина.

– Рускиот опозициски лидер и блогер Алексеј Навални е хоспитализиран во Омск и се наоѓа во критична состојба. Тој е во бесознание и е поврзан на апарат за вештачко дишење, изјави неговата портпаролка Кира Јармиш, јави Би-Би-Си.

– Американскиот претседател Доналд Тамп вчера на Твитер повика на бојкот на автомобилските гуми на компанијата „Гудјеар“ затоа што компанијата забранила носење капчиња со натписот на кампањата на Трамп „Да ја направиме Америка повторно голема“ (Make America Great Again – MAGA).

Back to top button
Close
Close