МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

19 август 2020

19 август 2020

– Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1902 тестирања, а регистрирани се 108 нови случаи на Ковид-19, во Скопје-45, Куманово-18, Дебар-1, Штип-11, Прилеп-3, Тетово-2, Струга-4, Велес-4, Гостивар-9, Струмица-2, Виница-2, Делчево-4, Свети Николе-3.

– Заменичката на претседателот на Владата задолжена за економски прашања Мила Царовска и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски, заедно со раководителот на Секторот за соработка во Делегацијата на Европската Унија, Никола Бертолини и градоначалникот на Неготино Тони Делков, реализираа посета на оваа општина, за време на која извшрија увид во активностите кои се спроведуват во рамките на потпроектот „Вински, aпи и еко туризам во Неготино и околината“. Станува збор за дел од Проектот за локална и регионална конкурентност, финансисиран со средства од Владата на Република Северна Македонија, општина Неготино и Делегацијата на Европска Унија, а кој се спроведува во соработа со канцеларијата на Светска банка.

– Пандемијата на коронавирусот ја втурна Хрватска во, веројатно, најдлабоката економска криза од осамостојувањето и закрепнувањето нема да биде ниту брзо ниту лесно. Ова произлегува од проценките на експертите од Хрватската народна банка (ХНБ), кои го анализираа влијанието на кризата врз хрватската економија во новиот број на публикацијата Финансиска стабилност.

– Норвешка денеска објави дека протера еден руски дипломат, откако пред неколку дена во Осло беше уапсен Норвежанец осомничен за шпионажа во корист на Русија.

– Стотици Палестинци во Појасот Газа протестираа денеска поради договорот, склучен со посредство на САД, за нормализирање на односите меѓу Израел и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ).

Back to top button
Close
Close