МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

19 август 2020

19 август 2020

– Партијата на европските социјалисти (ПЕС) денеска го поздрави коалицискиот договор постигнат вчера помеѓу СДСМ и ДУИ со кој лидерот на Социјал-демократите Зоран Заев се враќа на позицијата премиер на Северна Македонија.

– Албанскиот претседател Илир Мета го поздрави постигнатиот договор меѓу СДСМ и ДУИ за формирање влада и упати силна порака до политичарите во неговата земја дека треба да се огледаат на соседот и да се вратат на вистинскиот пат.

– Челниците на трите партии на косовските Албанци, кои се дел од владејачката коалиција, Иса Мустафа лидер на Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК), Рамуш Харадинај на Алијансата за иднината на Косово (ААК) и Фатмир Лимај на Социјалдемократската иницијатива (Нисма), ќе се состанат утре во кабинетот на премиерот Авдулах Хоти, јави дописникот на МИА од Приштина.

– Бродови на британската кралска морнарица и на НАТО придружувале девет брода на руската морнарица за време на зголемените поморски активности во водите на Кралството, јавија британските медиуми.

– Бројот на смртни случаи од коронавирусот во Иран надмина 20.000, соопшти денеска портпаролот на иранското Министерство за здравство.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close