МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

19 август 2020

19 август 2020

– Албанскиот министер за Европа и надворешни работи Гент Цакај во телефонски разговор со генералниот секретар на ДУИ, Артан Груби, го поздравил „историскиот договорот меѓу СДСМ и ДУИ за формирање влада кој овозможува за првпат Албанец да биде премиер“.

– Во изминатите 24 часа во Грција се регистрирани 269 нови случаи на Ковид-19, што претставува рекордно висок број на дневно ниво од почетокот на епидемијата, јави дописничката на МИА од Атина.

– Носењето маска ќе биде систематско на работните места во Франција, што подразбира и во отворените работни простори – канцеларии (опен спејс), соопшти француската министерка за труд Елизабет Борн, по состанокот со социјалните партнери. Со ова француските власти ги следат неодамнешните повици од неколку специјалисти за заразни болести да се намали ризикот од заразата, јави дописникот на МИА.

– На барање на САД и Естонија, синоќа во Њујорк зад затворени врати се оддржаа консулатции на Советот за безбедност на ОН за ситуацијата во Белорусија.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close