МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

18 август 2020

18 август 2020

– Преку Стопанска, Комерцијална, НЛБ и Халк банка ќе се обесштетуваат депонентите – физички лица (резиденти и нерезиденти) во Еуростандард банка, соопшти денеска Фондот за осигурување депозити.

– Повеќе од еден час лидерите на СДСМ и на ДУИ Зоран Заев и Али Ахмети, придружувани од генералните секретари на партиите Артан Груби и Љупчо Николовски во Клубот на пратеници разговараат за деталите за формирање владина коалиција.

– Нови 130 случаи на КОВИД-19, двајца починати и 152 оздравени, евидентира Министерството за здравство во последните 24 часа. Направени се вкупно 1.742 тестирања.

– Бугарската социјалистичка партија (БСП) не го поддржува нацрт-новиот Устав и нема да учествува во консултациите на ГЕРБ за уставни измени, изјави Јанаки Стоилов од БСП на вонредна прес-конференција, јави БГНЕС.

– Шест германски војници од составот на меѓународните сили во северен Ирак се заразени со коронавирус.

– Главниот американски епидемиолог Ентони Фаучи изјави дека долгорочните последици од Ковид-19 се навистина мачни, особено кај младите луѓе.

Back to top button
Close
Close