МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

18 август 2020

18 август 2020

– По повод Денот на Армијата, 18 август, претседателот на СДСМ Зоран Заев испрати честитка до припадниците на Армијата и до сите граѓани.

– На сите припадници на Армијата и на сите граѓани им го честитам 18 август – Денот на Армијата на Република Северна Македонија. Она што пред 77 години, во 1943 година со формирањето на батаљонот „Мирче Ацев“ беше пркос, храброст и визија за сопствена држава и Армија, денес е реалност, наведува Заев во честитката.

– Денес го одбележуваме 28-от роденден на Армијата, прва година како полноправна членка на НАТО на што сме особено горди. Членството во Алијансата е бенефит и привилегија на секое демократско општество. Но, кредибилна и почитувана членка ќе бидеме само со респектирање на демократските вредности, лојалност кон сојузништвото, солидарност и спроведување на националните обврски, рече началникот на ГШ, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски во обраќањето по повод по повод 28 години од постоењето на Армијата.

– На крајот од декември Грција ќе го добие првиот дел од 700.000 дози од вакцината за коронавирусот, а во рамките на договорот на Европската комисија, постепено ќе обезбеди околу три милиони дози, вели министерот за здравство на Грција Василис Кикиљас во интервјуто за грчката телевизија „Скај“, јави дописничката на МИА од Атина.

– Финската премиерка Сана Марин најави дека ќе направи тест за Ковид-19 заради лесни симптоми на болеста, пренесуваат британските медиуми.

– Неколку минофрлачки гранати се истрелани во различни делови на Кабул, во време на неизвесност во Авганистан во врска со започнувањето на преговорите меѓу Талибанците и Владата.

Back to top button
Close
Close