МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

17 август 2020

17 август 2020

– На воениот стадион во Градскиот парк во Скопје утре ќе биде одбележан Денот на Армијата на Република Северна Македонија. Свеченоста ќе се реализира во согласност со протоколот на Комисијата за заштита од заразни болести за одбележување државни празници.

– Директорот на ЈП Улици и патишта – Скопје, Сенад Смаиловиќ денеска е разрешен од функцијата.

– Министерството за здравство соопшти дека согласно епидемиолошката состојба со Ковид-19 во државата, веќе може да се закажуваат прегледи и интервенции во електронскиот систем МојТермин. Сите јавни здравствени установи веќе ги креираат термините за прегледи и интервенции во септември.

– Учебната година ќе започне на 7 септември и одново ќе треба да се соочиме со истите основни предизвици. Да се придржуваме до индивидуалните мерки на хигиена и заштита, да држиме растојание и онаму каде што треба, вон училиштето или во училиштето, доколку е потребно, да носиме маска, рече портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас во интервјуто за телевизијата „Open“, јави дописничката на МИА од Атина.

– Германските антимонополски власти покренаа истрага за односот на компанијата Амазон кон трети трговски фирми, кои продаваат стоки и услуги преку сајтот на американскиот гигант во е-трговијата.

– Во американскиот Национален парк Долина на смртта, што се наоѓа во Калифорнија, е измерена највисоката температура досега на земјата, од дури 54,4 степени Целзиусови.

Back to top button
Close
Close