МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

17 август 2020

17 август 2020

– Евроамбасадорот Самуел Жбогар почна да го одбројува своето заминување од функцијата во нашата земја, најавувајќи на Твитер дека во следните 30 дена ќе објави серија фотографии кои го рефлектираат неговиот четиригодишен мандат.

– Водата за пиење во Скопје е безбедна и микробиолошки исправна, соопшти ЈП Водовод и канализација – Скопје.

– Министерството за образование и наука информира дека рокот за електронското аплицирање и поднесување документи за сместување во студентски дом во академската 2020/2021 за студентите од втора и повисоките години на студии е продолжен за седум дена и наместо денеска ќе заврши на 25 август, согласно со измените на Конкурсот. Конечните списоци со примени кандидати ќе бидат објавени на 7 септември 2020 на огласните табли во студентските домови и на веб-страницата на МОН.

– Во 16 области на Грција, кои се сметаат за региони со лоша епидемиолошка слика и голема раширеност на Ковид-19, од денеска се воведуваат нови, дополнителни рестриктивни мерки, меѓу кои и ограничено работно време на угостителските објекти, кафулињата, ноќните клубови, јави дописничката на МИА од Атина.

– Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, изјави денеска дека нема да има нови претседателски избори во таа држава.

– Педесет и осум отсто од регистрираните гласачи кои го поддржуваат Џо Бајден на изборите во 2020 година велат дека нивниот глас е повеќе против претседателот Доналд Трамп отколку за поддршка на Бајден. Тоа се резултати од анкетата на Волстрит Џурнал/ Ен-Би-Си Њуз.

Back to top button
Close
Close