МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

14 август 2020

14 август 2020

– „Северна Македонија: Мандат за Зоран Заев за формирање влада“; „Скопје: Заев го доби мандатот за да формира влада“; „Зоран Заев доби мандат за формирање влада“; „Северна Македонија: Кај Заев мандатот за формирање влада“, се дел од насловите во онлајн изданијата на грчките медиуми, кои го пренесуваат текстот објавен од грчката новинска агенција АНА-МПА за доделениот мандат на Зоран Заев за формирање влада, јави дописничката на МИА од Атина.

– Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган изјави дека секој напад врз турскиот брод шtо истражува нафта и гас во спорните води na Средоземно Море ќе резултира со висока цена.

– Речиси 300 вработени во британска фабрика која произведува сендвичи за трговскиот синџир „Маркс енд Спенсер“ се позитивни на Ковид-19.

– Градоначалникот на Каракас, Дарио Вивас почина од последици од новиот коронавирус, објави на Твитер венецуелскиот обвинител Тарек Вилијам Саб.

– Министерството за правда на САД соопшти дека се запленети милиони долари од криптовалутните налози во странство што екстремистичките организации, помеѓу кои и Ал Каеда и Исламска држава ги користеле за финансирање на насилни операции.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close