МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

13 август 2020

13 август 2020

– Фондот за осигурување на депозити упати известување до физичките лица – депоненти на „Еуростандард банка“ АД Скопје дека обесштетувањето по основ на вкупни депозити кои ги имаат во Банката ќе започне во рок од 20 дена и ќе се изврши во согласност со законските прописи.

– Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска треба да му го довери мандатот за составување нова влада на лидерот на СДСМ Зоран Заев.

Врачувањето е закажано за 12 часот напладне во вила Водно.

– Лидерот на Алијансата за иднината на Косово (ААК) и поранешен косовски премиер Рамуш Харадинај ја најави својата кандидатура за иден претседател на државата, откако во април идната година ќе му заврши мандатот на актуелниот претседател Хашим Тачи, јави дописникот на МИА од Приштина.

– Галиција, провинција во северозападна Шпанија, забрани пушење на улици и јавни места како што се кафе-тераси за да го спречи ширењето на коронавирусот, а мерката може да се прошири и во остатокот од Шпанија.

– Компанијата Фејсбук лансира платформа „Изборен информативен центар“ со цел на американските гласачи да им овозможи без потешкотии да ги следат и учествуваат во предизборните активности пред претседателските избори во САД, што ќе се одржат во ноември.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close