МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

13 август 2020

13 август 2020

– Петмина од 146 патници кои во вторникот вечерта со авион на Визер од Скопје пристигнаа во финскиот град Турку се позитивни на Ковид-19. Мико Пиетила, шеф на регионалната болница на југозападна Финска, соопшти дека двајца од заразените се фински државјани, а тројца се по потекло од Балканот кои живеат во Финска. Тој информира дека сите петмина се хоспитализирани, но не посочи детали за нивната здравствена состојба.

– Слободан Тешиќ, финансиер на Српската напредна странка (СНС), извезувал оружје во Еремија преку даночниот рај Маршалски Острови, објави неделникот НИН.

– Во изминатите 24 часа во светот се регистрирани околу 214.000 нови случаи на заразени со Ковид-19, така што вкупниот број денеска е 20,16 милиони, соопшти Светската здравствена организација (СЗО).

– Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш предупреди дека конфликтите во светот мора итно да запрат, затоа што пандемијата не само што е закана за напредок во борбата против гладот ​​и сиромаштијата во светот, туку исто така се заканува дека ќе ги продлабочи постојните конфликти и ќе го охрабри избувнувањето на нови.

Орландо, 13 август 2020 (МИА) – По одигрувањето на синоќешните натпревари, утврдени се сите парови од првото коло од плејофот во НБА-лигата во Источната конференција.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close