МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

4 август 2020

4 август 2020

– Сто и седумнаесет од вкупно 120 пратеници присуствуваа денеска на конститутивната седница на десеттиот парламентарен состав, која се одржа во салата Голема купола согласно здравствените протоколи за заштита од ширење на Ковид-19.

– Лидерот на СДСМ Зоран Заев соопшти дека неговата партија од денеска ги почнува средбите и разговорите со другите партии, дека ќе се види со сите претседатели на партии од албанскиот политички блок и работните групи и членови на партиските раководства ќе имаат постојани средби на повеќе нивоа додека трае преговорачкиот процес за коалиција и составување парламентарно мнозинство.

– Во последните 24 часа се направени 830 тестирања, а регистрирани се 75 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје-32, Куманово-4, Штип-5, Тетово-7, Кавадарци-8, Гостивар-8, Струмица-1, Кочани-1, Пробиштип-2, Македонски Брод-2, Виница-1, Свети Николе-1, Кичево-2, Неготино-1.

– Ќе ги преземеме сите законски мерки за дезинформациите или теориите на заговор што почнаа да кружат на интернет, со цел да не бидат закана за јавното здравје, вели министерот за цивилна заштита на Грција Михалис Хрисохоидис под чија наредба до Јавното обвинителство е доставен материјал за кој треба да се оцени дали постои кривично дело, јави дописничката на МИА од Атина.

– Гасоводот Северен поток 2 е опасен за Европа и со неговата изградба таа како да вложува во руско оружје, изјави полскиот премиер Матеуш Моравјецки за време на расправата во Атлантскиот совет.

– Тимот на Светска здравствена организација, која го истражува потеклото на Ковид-19 во Кина соопшти дека вирусот најверојатно потекнува од лилјаците и оти најверојатно има уште едно животно домаќин како посредник.

Back to top button
Close
Close