МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

4 август 2020

4 август 2020

– Претседателот на СДСМ, Зоран Заев се огласи на Фејсбук во врска со конститутивната седница на Собранието, која се одржува денеска, по парламентарните избори, кои беа спроведени на 15 јули.

– Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија е битна алка во градење на довербата во државните институции на патот кон Европската унија, истакнале денеска на средба министерот за внатрешни работи Агим Нухиу и амбасадорот на Франција во државава Кристиан Тимоние.

– За половина денар од полноќ поскапуваат бензините, а за исто толку поевтинува дизелот. Екстра лесното масло за домаќинство се намалува за еден денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

– По косовскиот премиер Авдулах Хоти, денеска и неговиот заменик, вицепремиерот Дритон Селманај, информира дека резултирал позитивен на тестот што го извршил за Ковид-19, јави дописникот на МИА од Приштина.

– За време на двете изминати ноќи протести во Остин, Тексас, беа уапсени 40 луѓе. Во градот веќе цела недела има напнатост по минатонеделното убиство на 28 годшниот Гарет Фостер, белец, застрелан на 25 јули за време на протестните акции на „Црните животи имаат важност“.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close