МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

4 август 2020

4 август 2020

– Министерството за труд и социјална политика информира дека во тек е исплатата на паричните права од социјална и детска заштита за месец јули. Почнувајќи од денеска 4 август, се врши етапна исплата на гарантирана минимална помош, надоместок заради попреченост, надоместок за помош и нега од друго лице, надоместок на плата за скратено работно време, додаток за домување и на траен надоместок.

– Потрагата по малолетникот кој исчезна во водите на Преспанското Eзеро продолжи во раните утрински часови и ќе трае се до пронаоѓање на момчето.

– Кипарската авиокомпанија „Сајпрус ервејс“, од 18 август ги откажува летовите за Солун и Скиатос, а ја намалува фреквенцијата кон островот Крит, јави дописничката на МИА од Атина.

– Поранешниот советник на претседателот на САД Џон Болтон цели 17 месеци работеше како советник за безбедност на Доналд Трамп. Сега тој работи на спречување на неговиот реизбор со објавување книга (656 страници) на експлозивни откритија The Room Where it Happened („Собата каде што се случи“). Тој даде за Ди Велтм, член на Лена, европска група на весници во која се вклучени Ле Фигаро, Ел Паис, Ла Репблика, Ла Трибун де Женев, Ле Соар, Тагес-Анцејгер и Газета Виборца, во кое нагласува дека „На Доналд Трамп не треба да му се даде втор мандат“, јави дописникот на МИА.

– Кина нема да ја прифати американската „кражба“ на кинеската технолошка компанија за снимање кратки видеа „ТикТок“, објавија денеска кинеските државни медиуми.

Back to top button
Close
Close