МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

4 август 2020

4 август 2020

– Потрагата по малолетникот кој исчезна во водите на Преспанското Eзеро продолжи во раните утрински часови и ќе трае се до пронаоѓање на момчето.

– Двајцата пациенти на кои им беше извршена трансплантација на бубрези се во добра здравствена состојба. На 31 јули беа експлантирани два бубрега од 46 – годишен пациент со констатирана мозочна смрт и беа трансплантирани кај 35 – годишна жена и 60 – годишен маж. По трансплантацијата, пациентите закрепнуваат на Клиниката за урологија, соопшти Министерството за здравство.

– ОН издвоија два милиона долари за да и помогнат на Црна Гора во борбата против коронавирусот и собираат дополнителни 5,5 милиони американски долари за поддршка на одговор на пандемијата, изјави портпаролот на ОН, Фархан Хак.

– Најмалку 22 лекара починале од последици на коронавирус во државата Зулија, во северозападниот дел на Венецуела, изјави претседателката на лекарското здружение Даниела Пара.

 

Back to top button
Close
Close