МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

19 август 2021

19 август 2021 

– Началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, денеска оствари средба со командантот на Националната гарда (НГ) на Вермонт, генерал-мајор Грегори Најт, кој ја предводи високата делегација од таа сојузна држава на САД. Генералот Најт е во неколкудневна официјална посета на Република Северна Македонија, а во текот на вчерашниот ден присуствуваше на централната свеченост по повод Денот на Армијата.

– За сите заинтересирани за добивање на финансиска поддршка од ИПАРД 2, мерка 7 „Диверзификација на фарми и развој на мали бизниси“, се дава дополнителен рок од 15 дена за доставување на апликациите за добивање на финансиска поддршка преку оваа мерка од ИПАРД 2 програмата, информира Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР).

 За поздравување е брзиот и навремен пристап на Министерството за надворешни работи во лоцирањето, коордирањето и извлекувањето на македонските државјани кои се затекнаа од Авганистан, вели за МИА професор Марјан Ѓуровски од Факултетот за безбедност Скопје и доктор на безбедносни и одбранбени науки.

– Средната оценка на квалитетот на дебатата во Собранието во првото полугодие на 2021 година е 5,6, на скала од 1-најнизок до 10-највисок, што споредено со претходниот период на набљудување (август – декември 2020 година 5,5), бележи благо подобрување во нивото на аргументација.

– Досегашните правила за влез во Грција, кои важат и за државјаните на Северна Македонија, а се однесуваат на документ поврзан со Ковид-19 и пополнет PLF-формулар, се продолжени до 27 август 2021 година, јави дописничката на МИА од Атина.

 На вакциналните пунктови во државата и на терен, прва доза вакцина вчера примиле 11.925 граѓани, а вкупно се вакцинирале 16.955 граѓани, со што заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 624.819 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1.115.988 дози вакцини, а ревакцинирани се 491.169 граѓани, информираат од Министерството за здравство.

– Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган, синоќа изјави дека Анкара ги поздравува умерените изјави на талибанските лидери и оти Анкара е подготвена за соработка со нив.

 Битка со огнената стихија водеа пожарникарите во текот на ноќта за да се спасат домови од пожарот, што веќе четврти ден е активен во околината на планинското село Вилија во северозападниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, јави дописничката на МИА од Атина.

–  Врховниот суд на Белорусија ги прогласи „Единиците за цивилна самоодбрана на Белорусија“ за терористичка организација и ги забрани нејзините активности во земјата, соопшти Јавното обвинителство.

– Високиот кинески функционер Ванг Јанг  денеска изјави дека се потребни „сеопфатни напори“ за Тибеќанците да го зборуваат стандардниот кинески јазик и да ги споделат „културните симболи“ на кинеската нација.

– Лидерот на либанското екстремистичко движење Хезболах Хасан Насрала, оцени дека повлекувањето на САД од Авганистан треба да послужи како лекција за Израел дека таа земја не е сигурен партнер.

– Факторите кои предизвикуваат затегнатост поврзана со пандемијата предизвикуваат зголемени социјални тензии и заговори од домашни насилни екстремисти, кои можат да изведат повеќе насилни акти за време на 20 годишнината од терористичките напади во САД, се наведува во соопштението на Националиот консултациски систем за тероризам на Министерството за национална безбедност на САД (ДХС).

– Талибанците прогласија формирање на Исламски Емират Авганистан. Тоа се случи пет дена по падот на на Кабул, со што е преземена контролата врз цела земја.

Познати се три од четирите полуфиналисти на Купот Либертадорес. Палмеирас, Атлетико Минеиро и Фламенго изборија место на завршниот турнир во елитното натпреварување во Јужна Америка. За првпат во историјата на турнирот, три клуба од иста земја ќе играат во полуфиналето. Финалниот турнир ќе се одигра на 27 ноември на стадионот „Сентенарио“ во Монтевидео, Уругвај.

– Времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 29 до 35 степени. УВ=8

Back to top button
Close
Close