МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

10 јули 2020

10 јули 2020

– Сојузот на синдикати на Македонија денеска преку соопштение излезе со неколку барања и укажувања кои, како што вели, ќе бидат почетна основа за преговори со социјалните партнери и од кои нема да отстапи без оглед на тоа кој ќе ја формира новата влада.

– Од денеска по скопските улици можат да се видат новите еколошки автобуси што ги набави Град Скопје.

– Ги повикувам граѓаните масовно да излезат на гласање, да не се плашат за своето здравје затоа што ние се погриживме да ги снабдиме сите избирачки одбори со заштитен материјал, а деновиве се врши и дезинфекција на сите гласачки места во државата, изјави претседателот на Државната изборна комисија Оливер Деркоски.

– Црногорското Национално координативно тело воочи дека во општините на северот на земјата, каде што е забрането работењето на угостителските објекти, имало повеќе случаи на пружање угостителски услуги, со што се поттикнува собирање на граѓаните спротивно на мерките против ширењето на Ковид-19, поради што Владата ќе испрати инспекција.

– Дипломатската служба на ЕУ реагираше на најавата да се продолжи со федерални егзекуции во САД.

– Поради последиците од новиот коронавирус, кинеската авиоиндустрија во вториот квартал од годината бележи пад од 4.89 милијарди долари.

Back to top button
Close
Close