МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

5 август 2021

5 август 2021 

 Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени 4.713 тестирања, а регистрирани се 219 нови случаи со Ковид-19:
Скопје и Тетово – по 65, Куманово – 20, Гостивар – 19, Струмица – 7, Кичево – 6, Битола, Струга, Берово и Виница – по 4, Прилеп и Кочани – по 3, Велес, Кавадарци, Штип, Радовиш и Дебар – по 2, Охрид, Ресен, Македонска Каменица, Македонски Брод и Пехчево – по 1. Регистрирани сe 30 оздравени пациенти од: Скопје – 9, Тетово – 8, Гостивар – 3, Куманово – 2, Прилеп, Струмица, Кочани, Кичево, Гевгелија, Радовиш, Делчево и Валандово – по 1.

По вчерашното реактивирање на шумскиот пожар што се појави во атарот на селот Девич, Порече, екипи на МВР, ТППЕ, доброволни противпожарни друштва и месното население, учествуваа во гасењето на огнената стихија и во текот на ноќта пожарот е ставен под контрола.

– Ќе бидат ли повлечени од македонскиот пазар сладоледите „сникерс“ и „твикс“ на производителот „Дукатос“, се очекува наскоро да соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).

– На официјална покана на претседателот на Турскиот Институт за стандардизација Адем Шахин, делегација од Институтот за стандардизација на Северна Македонија (ИСРСМ) предводена од директорот Џеват Кицара, оствари дводневна официјална посета на Турција.

– Жителите од критичните реони во село Нов Истевник и Стар Истевник зафатени со големиот пожар да се евакуираат во градската средина. Поради алармантната состојба на теренот, неконтролираното ширење на пожарот и силниот ветар, а со цел да не се загрозат човечки животи, градоначалникот на Општина Делчево потенцира дека е неопходна  евакуација на жителите од селото Нов Истевник заедно со сите селски маала: Пасјак, Балабанци, Курачко Маало, како и на жителите од селото Стар Истевник.

Сто и пет заболени од Ковид-19 се хоспитализирани во Скопје и во другите градови, информираа за МИА од Министерството за здравство. Најголем број хоспитализирани има во Клиничката болница во Тетово – 32, а потоа следат Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје – 20, Општата болница во Гостивар – 20 и Општата болница во Куманово – 10.

– ЕУ ќе испрати опрема и помош за справување со пожарите во Северна Македонија, објави еврокомесарот за хуманитарна помош и кризен менаџмент Јанез Ленарчиќ.

– Во голем пожар 11 жители останаа без своите домови. Денеска целосно изгореа четири социјални бараки во населбата Варош под Марковите кули. Пожарникарите и жителите во последен момент спасуваа човечки животи од огнот. Спасени се две неподвижни лица, а меѓу несреќните има и три деца од кои едно седумесечно бебе. Сите се во добра состојба.

– Помал пожар попладнево избувна во хотелот „Холидеј ин“ во центарот на Скопје. Пожарнот е изгаснат по брзата интевенција на пожарникарите, кои со три возила за неколку минути пристигнаа кај хотелот.

– Поради влошената епидемиолошка состојба и зголемениот број нови случаи на Ковид-19, а по препорака од надлежната комисија, грчкиот остров Закинтос и градот Ханија на Крит од утре влегуваат во црвената зона и се воведува полициски час и забрана за музика во угостителските објекти, јави дописничката на МИА од Атина.

– Францускиот претседател Емануел Макрон денеска најави дека на ранливите групи и повозрасните луѓе најверојатно ќе им треба трета доза на вакцина против Ковид-19, со што Париз и Берлин не се откажуваат од довакцинација и покрај предупредувањето од Светската здравствена организација.

– Се очекува разговорите меѓу владата на Венецуела и опозицијата за политичката криза во земјата да започнат на 13 август во Мексико.

На Олимпијадата во Токио денес е поставен рекорд со најмногу земји што освоиле медали. По финалната трка во атлетика на 400 метри за мажи, Бахамите и Гренада ги освоија своите први медали. Така, спортистите од 88 земји досега се одликуваа со златно, сребрено или бронзено одличје на Олимпијадата.

Грчкиот кошаркар и член на Милвоки бакс, Јанис Адетокумбо, го однесе трофејот од НБА-лигата на атинскиот Акропол.

Back to top button
Close
Close