МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

5 август 2021

5 август 2021

– Дел од куќите во Балабанско маало се изгорени, а зафатени се и куќи во Курјачко маало во пожарот што го зафати делчевскиот крај. Се евакуираат жителите и покуќнината.

– Голем дел од пожарите во државата се уште се активни. Пожарот кај селото Девич во охридскиот регион е ставен под контрола, а во Пехчево уште е активен и се шири кон селата Робово, Умлена и Чифлик. На терен се пожарникарите, припадниците на Армијата, а во секој момент се очекува да пристигне и специјална ПП-единица од Словенија.

– Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) набави нов информациски систем кој ќе се овозможи целосна дигитализација во прибирање, систематизирање и обработка на податоците за потребите на процесите на супервизија во осигурувањето.

– На граничниот премин Табановце за влез и за излез од државата се чека околу 30 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

– Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, денеска на својот Твитер налог објави дека 50,1 отсто од полнолетните граѓани или 2.705.458 лица се вакцинирани во Србија, јави дописникот на МИА од Белград.

– Украинскиот претседател, Владимир Зеленски, денеска изјави дека Донбас „никогаш нема да биде руска територија“ и им порача на оние што ја сакаат Русија и сакаат оваа област да стане дел од неа „да бараат место за себе во Русија“.

– Овој јули беше најтопол во светот, по јули 2019 година и јули 2016 година, соопштија научниците од ЕУ.

– Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро денеска ја оспори истрагата на Врховниот суд против него за оспорување на процесот на електронско гласање и се закани дека ќе одговори со мерки надвор од уставот.

– Бил Гејтс призна дека направил огромна грешка со тоа што се дружел со Џефри Епстин… Во интервју за Си-Ен-Ен, тој откри дека биле на неколку вечери, а говореше и за тоа како бил многу тажен по разводот од сопругата Мелинда.

 – Фудбалската федерација на Македонија денес го претстави новиот селектор на А-репрезентацијата, Благоја Милевски. Популарниот Боби се обврза на соработка до 2024 година.

 

Back to top button
Close
Close