МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

5 август 2021

5 август 2021

– Пожарите не стивнуваат. Во нивното локализирање и гасење се ангажирани сите расположливи капацитети – на локалните самоуправи, Центарот за управување со кризи (ЦУК), војската, полицијата и граѓаните. Помош пристигна и од соседството, Србија и Бугарија, а денеска се очекува и засилувањето од Словенија – 16 противпожарни возила и 46 пожарникари.

– Огнената стихија сеуште ги става во опасност мештаните од селата Умлена и Робово кои се најзагрозени од пожарот кој цела ноќ гореше во нивна близина.

– Еден од петте хеликоптери замина на извидување во реонот на општина Пехчево, изјави утрово за МИА Стојанче Ангелов, директорот на Центарот за управување со кризи.

– Три српски и еден македонски хеликоптер полетаа од скопскиот аеродром кон пехчевскиот регион, соопшти директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов.

– Пет хеликоптери веќе го гаснат пожарот во пехчевско. Тие полетаа откако претходно рано утрово беше направено извидување на теренот со еден армиски хеликоптер.

– Тимот на Црвениот крст на Република Северна Македонија, составен од шест лица за логистика и проценка заедно, со Тимот за одговор при катастрофи на ООЦК Велес, составен од четири лица, синоќа доставија 1.400 шишиња од 0,5 литри до ООЦК Берово за поддршка на институциите и граѓаните ангажирани за гаснење на пожарот на територија на општините Пехчево и Делчево.

– Тркалезна маса на тема „Важноста на Рамковниот договор за помалубројните заедници“ ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на Агенцијата за остварување на правата на заедниците (АОПЗ).

– Евроамбасадорот Дејвид Гир, денеска и утре во рамки на кампањата „ЕУ со ТЕБЕ“, ќе престојува во Југоисточниот плански регион, каде ќе ги посети општините Босилово, Струмица, Дојран и Конче.

 – Во село Умлена во моментов се прават координации помеѓу пожарникарските единици од неколку градови од земјава, а штотуку пристигнаа и пожарникари од Скопје. Забележително е големо присуство и на полицајци и од специјалните единици за брзи интервенции кои заеднички прават во моментов план за гасење на пожарот над селото Умлена.

– Во Општина Кратово денеска ќе се одржи информативен ден за користење на средствата од ИПАРД Програмата 2014-2020, мерка 7 – диверзификација на фарми и развој на бизниси.

– На граничниот премин Табановце за влез и за излез од државата се чека околу 30 минути, а на останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања, информираат утрово од Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).

– Турција се бори со најтешките шумски пожари во својата историја, изјави претседателот Реџеп Таип Ердоган, кога пожарот во област во југозападниот дел на земјата се прошири на термоелектрана.

– Грчките власти наложија нова евакуација на жителите во селата во северниот дел на островот Евија, кои се опкружени со големи пожари, а од вчера се повредени тројца пожарникари.

– Околу илјада луѓе се „активно обработувани“ за време и по антивладините протести минатото лето, и засега на 140 од нив им се знаат имињата. Ова се првите податоци што ги доби бугарската Комисијата за истрага за полициско насилство и прислушување на политичари и демонстранти, изјави пратеникот Николај Хаџигенов од „Стани. БГ! Доаѓаме!“ на првиот состанок на привремената Комисија.

– Европската комисија одобри договор за набавка на 200 милиони вакцини од американската компанија „Новавакс“, соопшти Комисијата.

– Белгиската царина уапси 40 лица, заплени десетици милиони фалсификувани цигари од нелегални производствени капацитети низ целата земја.

– Државниот совет на Франција денеска ја казни државата со 10 милиони евра бидејќи не презела доволно мерки мерки за подобрување на квалитетот на воздухот во одредени делови на земјата, јави дописникот на МИА.

– Богатството на поп-пејачката Ријана сега се проценува на 1,7 милијарди американски долари, што ја чини најбогата музичарка во светот. Но, музиката не е најголем извор на нејзиното богатство…

– Комбе, во кое загинаа десет лица во Тексас, било пренатрупано со 30 патници, двојно повеќе од дозволеното, а останатите 20 лица се повредени и се верува дека се илегални мигранти, јави државната полиција.

– Научниците открија дека Ковид-19 од луѓето преминал на диви елени во некои делови на Соединетите Американски Држави. Тие откриле антитела кон САРС-КоВ-2 во 40 проценти од белорогиот елен на североисток од земјата, пишува Сајенс Алерт (Science Alert).

– Стејт департментот ја одобри потенцијалната продажба на Тајван на 40 артилерски системи од среден дострел- самоодни хаубици од моделот М109А6 од средна големина, со калибар од 155 милиметри.

– Израелски борбени авиони извршиле два напада врз цели во предградието на либанскиот град Махмуд, околу 12 километри од израелската граница, објави телевизијата Ал Манар.

 Македонска каратистката Пулексенија Јованоска го освои претпоследното  место во својот дебитантски настап во кати на Олимписките игри.

 Македонската јуниорска кошаркарска репрезентација синоќа ја победи Грузија со 69:66. Ова беше втор натпревар и прв триумф за „црвено-жолтите“ на ФИБА Челенџер турнирот во Скопје.

 Кошаркарите на Соединетите Американски Држави се првите финалисти на Олимпијадата во Токио. Американците утрово ја совладаа Австралија со 97:78.

 За прв пат во историјата на Олимписките игри, на победничкиот подиум се искачија исти натпреварувачи како на претходната Олимпијада.

 Репрезентацијата на Русија обезбеди финале на машкиот турнир на Олимпијадата во Токио, откако утрово го совлада фаворизираниот Бразил со 3:1.

– Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од југозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 35 до 43 степени Целзиусови. УВ индексот ќе изнесува 9.

Back to top button
Close
Close