МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

4 август 2021

4 август 2021 

– Време е за соработка, време е да нема граници помеѓу нас и сите да бидеме зачленети во ЕУ. Проблемот не е во суштината на договорите, туку во формата во којашто тоа било претставено на почетокот. Потребно е да се изнајде пристојна форма за учество на сите шест земји од Западен Балкан во иницијативата, вели првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби коментирајќи ја регионалната иницијатива „Отворен Балкан“ на Северна Македонија, Албанија и Србија со која несогласување изрази Косово.

 Патничкиот и товарниот железнички сообраќај од попладнево во 14.30 часот е нормализиран. Машинскиот персонал во Железници на РСМ – Транспорт по денешната средба со менаџерскиот тим на претпријатието го прекина бојкотот на работата и е исплатен вториот дел од платата за јуни годинава, потврди за МИА Тони Димовски, претставник на машиновозачите и помошниот персонал.

 АД „Пошта на Северна Македонија“ денеска ја промовира поштенската марка посветена на 20-годишнината од Охридскиот договор. Тиражот на издената поштенска марка е 6.000 примероци, а вредноста 72 денари.

 Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Во последните 24 часа се направени 5.276 тестирања, а регистрирани се 164 нови случаи со Ковид-19:
Тетово – 60, Скопје – 34, Гостивар – 21, Куманово и Битола – по 8, Струмица, Кичево и Дебар – по 5, Штип и Кочани – по 4, Прилеп и Струга – по 3, Берово – 2, Охрид и Пехчево – по 1. Регистрирани сe 18 оздравени пациенти од: Скопје – 7, Тетово – 6, Куманово – 4, Кичево – 1. Пријавени се три починати лица : две лица од Гостивар (68г и 86г) и едно лице од Скопје (82г), починати во болнички услови, соопшти Министерството за здравство.

– Министерството за здравство соопшти дека е достапна апликацијата за CommonPass сертификат за патување во странство.

– Коалицијата на ДУИ и СДСМ за претстојните локални избори е договорена од лидерите на партиите и предвидува комбиниран модел на поддршка – некаде во прв круг, некаде во втор круг, но ве уверувам дека сме апсолутни фаворити на овие избори, изјави првиот вицепремиер и министер и за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби.

 Најдоцна до утре се очекува во земјава да пристигнат 16 противпижарни возила и 46 пожарникари од Словенија за да помогнат во гасењето на пожарите.

–  Поради сложената епидемилошка ситуација и високите стапки на морбидитет на 100.000 луѓе пријавени во последните 14 дена во земји блиски до Бугарија, бугарското Министерствотза здравство им препорачува на своите граѓани да се воздржат од непотребни патувања во Грција, Кипар и Турција.

– Едно лице загина во пожар во Ново село, на околу 50 километри од Приштина, како последица од густиот чад, соопшти косовската полиција.

– При удар на гром денеска загинаа шеснаесет луѓе на свадбена церемонија во Бангладеш, соопштија властите.

 Во пресрет на новата сезона ракометарите на Вардар и на Металург, утре ќе одиграат контролен натпревар во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.

Back to top button
Close
Close