МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

4 август 2021

4 август 2021

– На 92-рата седница на Владата, донесовме одлука за основање на Јавна установа за управување и заштита на Националниот парк Шар Планина. Со донесувањето на оваа одлука ќе се воспостави начин на заштита на новиот НП Шар Планина и ќе се преземат мерки за заштита на утврдените зони во националниот парк, наведе на неговиот фејсбук-профил премиерот Зоран Заев.

– По наредба на преодниот премиер Стефан Јанев, Бугарија испраќа поддршка за Република Северна Македонија за справување со пожарите, објави денеска прес-службата на владиниот кабинет.

 – Со премиера на претставата „Орестија“, која е копродукција меѓу велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ и Националната опера и балет, доцна синоќа во Стоби свечено беше отворен 18. Интернационален фестивал на античка драма „Стоби“.

– Фестивалот „Охридско лето“ денеска го прославува 61-от роденден, временски период низ кој успеа да се испрофилира во манифестација со извонредно голема уметничка вредност, институција со апсолутно најголема и најзначајна продукција на настани од областа на музичката и драмската уметност во земјава.

– Три лица загинаа во сударот на двата патнички воза, што се случи утринава во југозападниот дел на Чешка, додека десетици патници се повредени.

– Руските служби за итни случаи ќе добијат засилување од вооружените сили за борба против шумските пожари.

– Францускиот претседател Емануел Макрон денеска потврди дополнителни 100 милиони евра итна помош за Либан и 500.000 дози вакцини против Ковид-19 за таа земја.

 Израелскиот премиер Нафтали Бенет денеска оцени дека вакцинацијата и повторно воведување на ограничувања може да ја спасат земјата од ново „затворање“, иако коронавирусот повторно се шири низ земјата.
– Нашата цел е Израел да остане отворен, но да не дојдеме во ситуација кога болниците ќе кажат дека се преполни. Ние се стремиме да го избегнеме тоа и да знаеме кога да притиснеме на сопирачките, рече Бенет при посетата на центарот за вакцинација во Ерусалим.
– Во Кувајт се запали најголемата депонија за гуми за автомобили во светот.
 Фудбалската асоцијација на Англија (ФА), Премиер лигата и другите лиги во земјата, антирасистичката организација „Kick it Out“ и други ги поддржаа играчите на Премиер лигата кои одлучија акцијата со клекнување на колено да ја продолжат.

Back to top button
Close
Close