МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

3 август 2021

3 август 2021 

– Машинскиот персонал во Железници на Република Северна Македонија (ЖРСМ) Транспорт донесе одлука за бојкот поради неисплатениот втор дел од платата за јуни годинава, поради што попладне по 16 часот нема да ги извршува работните задачи, изјави за МИА Тони Димовски, претставник на машинскиот персонал во ЖРСМ Транспорт.

– Треба целосна длабока реформа на целиот систем за управување со кризи, изјави на денешната прес-конференција директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов.

– Во овој момент имаме три хеликоптери од Армијата, но функционални за гаснење на пожар се два. Армиските и полициските хеликоптери можат да летаат ноќно време, но да летаат, а не да гасат пожар, рече на денешната прес-конференција в.д. директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Агелов, во одговор на новинарско прашање.

– Локалната самоуправа на Кочани издвои два милиони денари од сопствената сметка, како почетна помош за граѓаните чии објекти и друг имот се оштетени од пожарот.

– Народната банка ја укина одлуката за привремено ограничување на распределбата и исплатата на дивиденда на акционерите на банките.

– Високиот претставник за БиХ Кристијан Шмит денеска рече дека е одлучен да придонесе за промена на сегашната ситуација во БиХ и дека има силна поддршка од целата меѓународна заедница.

– Европската Унија значително заостанува зад Кина и САД во однос на донациите на вакцини против коронавирус, се вели во интерен документ на Советот на Европа, во кој имаше увид бриселскиот портал „Политико“.

– Кина досега дистрибуирала 350 милиони дози вакцини против Ковид -19 за земјите што се приклучија кон Иницијативата за партнерство „Појас и пат“ за соработка во областа на антивирусните вакцини, соопшти кинеското Министерство за надворешни работи.

Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација, Драган Бајиќ, ги искажа своите впечатоци по пријателскиот натпревар со Црна Гора одигран вчеравечер во Скопје. Црногорците славеа победа со 81:59, а на полувреме водеа со 38:34.

– Времето до четврток ќе биде стабилно и многу топло, а ќе се активира и портокаловото ниво на опасност од високи температури, соопшти УХМР.

Back to top button
Close
Close