МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

30 јули 2021

30 јули 2021 

– Претседателот Стево Пендаровски ги поканил претседателот на Собранието Талат Џафери, премиерот Зоран Заев и сите лидери на политички партии застапени во Парламентот заеднички да го прослават Илинден – Денот на Републиката во Крушево.

– Шефот на државата Стево Пендаровски во престојниот период не очекува некои поголеми промени во однос на спорот со Бугарија, со оглед на тоа што земјава реално во моментов нема соговорник од другата страна, бидејќи Софија се уште нема формирано Влада.

– Ги поканивме членките на ЕУ, соседи на земјите од Западен Балкан да ги отворат зелените коридори, како прв чекор за сите земји од регионот. Грција е таа која прва се јави и веќе на тоа работи администрацијата, информира денска премиерот Зоран Заев, одговарајќи на пратенички прашања во Собранието.

– Шефот на државата Стево Пендаровски нема да ги потпише измените на Изборниот законик во сегашната форма, пред се поради двата проценти праг наменети за независни кандидати на престојните локални избори, кои треба да се одржат на 17 октомври. Потпис Пендаровски ставил на Законот за изменување и дополнување на Законот за државјанство, кој вчера со 57 гласови „за“, 32 „против“ и ниту еден „воздржан“ беше усвоен во Собранието.

 Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери денеска се сретна со вториот заменик-премиер и министер за надворешни работи на Република Косово, Доника Грвала Шварц.

– Генералниот директор на компанијата „Телеком Србија“, Владимир Лучиќ, за српските медиуми изјави дека во четвртокот во Скопје започна основање на компанијата „Телеком“ во Северна Македонија, кое ќе се вика Мтел, јави дописникот на МИА од Белград.

– Борбата со корупцијата продолжува, никој нема да биде поштеден. Системот се справува и со крупните и со ситните риби, секој ден се испраќа пораката дека законот важи еднакво за сите, порача денеска премиерот Зоран Заев.

– Со процесот на вакцинација против Ковид-19, кој под мотото „Албанија се насмевнува“ почна на 11 јануари во оваа земја, опфатени се 53,1 отсто од планираните 2,2 милиони граѓани.

– Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска изјави дека регионалната иницијатива, која од вчера се нарекува „Отворен Балкан“, е важна за иднината на граѓаните и е во интерес на регионот, поради што нејзината имплементација ќе продолжи и покрај сите критики, јави дописникот на МИА од Белград.

– Европскиот суд на правдата му го одзеде имунитетот на поранешниот каталонски премиер Карлес Пучдемонт како европратеник, објави весникот  „Ла Вангуардија“.

– Очевидец снимил група жени како бегаат од аптека во Сан Франциско со полни торби со наводно украдени производи.

Манчестер сити има намера да го купи играчот за врска Џек Грилиш од Астон Вила. Според „The ​​Telegraph“, клубот од Манчестер испратил трансферна понуда од 100 милиони фунти за играчот од средниот ред. Да се ​​купи Грилиш ова лето е една од главните цели на тренерот на Сити, Пеп Гвардиола.

Back to top button
Close
Close