МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

30 јули 2021

30 јули 2021 

– Бројката на администрацијата се намалува и тоа го потврдуваат сите официјални бројки. Но, државата мора да продолжи со нејзина рационализација и допрофесионализација, рече денеска премиерот Зоран Заев, одговорајќи на пратеничко прашање.

– Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска во Скопје ѝ беше домаќин на вицепремиерката и министерка за надворешни работи и дијаспора на Косово, Доника Грвала-Шварц, која престојува во официјална посета на нашата држава.

– Продолжува трендот на намалување на просечната каматна стапка на вкупните кредити и во јуни годинава таа се сведе на ниво од 4,54 отсто, додека просечната каматна стапка на вкупните депозити изнесува 0,84 отсто, информира Народна банка (НБ).

– Прометот во трговијата на мало, во јуни годинава во групата Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун номинално е зголемен за 7,4, а реално за 5,5 отсто во споредба со истиот месец лани.

– Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени 4.582 тестирања, а регистрирани се 74 нови случаи со Ковид-19: Скопје – 16, Тетово – 15, Куманово – 8, Гостивар – 7, Битола – 6, Кичево – 5, Дебар – 4, Струмица – 3, Прилеп, Штип  и Свети Николе – по 2, Охрид, Гевгелија , Радовиш и Берово – по 1. Регистрирани с17 оздравени пациенти од: Скопје – 8, Тетово – 5, Куманово – 2, Кичево и Кавадарци – по 1. Регистрирани се двајца починати пациенти од кои еден од Скопје и еден од Кичево, на возраст од над 60 години. Починати се во болнички услови, соопшти Министерството за здравство. 

 Српскиот претседател Александар Вучиќ за време на посетата на градилиштето на компресорската станица Велика Плана во рамките на изградбата на гасоводот Балкански ток оцени дека овој проект е „голема работа за Србија“, но нагласи дека не може да каже дали цената на гасот би била пониска, јави дописникот на МИА од Белград.

– Новиот меѓународен висок претставник во БиХ Кристијан Шмит пристигнува денеска во Босна и Херцеговина, а на 1 август ќе ја преземе должноста од неговиот претходник, Австриецот Валентин Инцко.

– Претседателот на Израел, Јицак Херцог и неговата сопруга Михал денеска меѓу првите примија трета доза од вакцината против Ковид-19, откако синоќа беше најавено дека еврејската држава прва во светот ќе ги имунизира лицата над 60 години со трета доза.

 Ернест Ѓока повеќе не е шеф на стручниот штаб на македонскиот фудбалски шампион Шкендија. Соработката е прекината со заеднички договор.

 – Вработениот во Порто, Фернандо Саул, кој го навреди напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо и неговото семејство по натпреварите во осминафиналето од Лигата на шампионите, заработи парична казна. Португалската фудбалска федерација го санкционира најавувачот на стадионот „Драгао“ со 1430 евра.

Back to top button
Close
Close