МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

28 јули 2021

28 јули 2021

– Измените на Изборниот закон денеска или најдоцна до утре на предлог на група пратеници треба да влезат во собраниска процедура, а министерот за правда Бојан Маричиќ очекува тие да бидат донесени до крајот на месецот, пред летната пауза на Собранието.

–  Поранешниот премиер Никола Груевски, кој е во бегство и има добиено азил во Унгарија,  регистрирал фирма со широка деловна активност во градче во близина на Будимпешта.

– Поинтензивна промоција на нематеријалното културно наследство беше тема на средбата на министерката за култура Ирена Стефоска со Филип Босан, претседател на Меѓународниот совет на организации на фолклорни фестивали и уметности – ЦИОФФ, која дејствува во рамките на УНЕСКО.

– Државниот завод за статистика објави Конкурс за ангажирање на реонски попишувачи и инструктори кои ќе го спроведат теренското попишување на целата територија на државата, кој ќе биде отворен до 5 август.

– Нападите врз граѓанските активисти и новинари се безбројни. Не станува збор само за пропаганда на омраза од страна на одредена група, очигледно е дека се работи за пропагандна машинерија што стои зад повеќегодишни напади кон чинителите на граѓанското општество. Мета се најчесто оние граѓани кои секојдневно се видливи и влијателни, изјави претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала на денешната регионална конференција на тема „Напади врз демократијата и човековите права: Граѓанските организации во поддршка на општествата од Западен Балкан кои се соочуваат со дезинформации, говор на омраза и хибридни напади“, организирана од ЦИВИЛ.

 Во изминатиот период од повеќе од три години сме вработиле околу осум илјади луѓе во здравствениот систем, на определено и неопределено доктори и медицински сестри. Секогаш има финансии и за вработување и за зголемување на платите на лекарите специјалисти кои се сега практично дуплирани, но мора да се има на ум дека доктор не се станува преку ноќ, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче. 

– Во услови на високи дневни теператури на воздухот и во ситуација кога државата влегува во т.н. портокалова фаза треба да се почитува Законот за безбедност и здравје при работа, изјави министерката за труд социјална политика Јагода Шахпаска.

 Албанија и понатаму е една од најкорумпираните земји во Европа, според Индексот за перцепција на корупција и други показатели, пренесува Ора њуз, повикувајќи се на   последниот извештај на амерканскиот Стејт департмент, каде повторно се изнесени високи критички оценки за деловната клима во земјата.

– Литванската гранична служба соопшти дека вчеравечер на илегален премин со Белорусија уапсила 171 лице. Со овие приведени лица вкупниот број на притворени мигранти во оваа земја во текот на 2021 година се зголеми на 3.027, пишуваат американските медиуми.

– Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу денеска изјави дека Русија регистрира активно движење на милитантите на терористичката група Исламска држава (ИД) на територијата на Авганистан. Шојгу изрази надеж дека ќе се постигне национален договор во Авганистан, но во исто време гледа активни единици на ИД кои се движат од териториите на Сирија и Либија, јави агенцијата ТАСС.
 Дочекот на Дејан Георгиевски, кој освои сребрен медал во таеквондо на Олимписките игри во Токио, ќе биде утре во 19:30 часот на плоштадот во Скопје.

Back to top button
Close
Close