МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

27 јули 2021

27 јули 2021

– Владата на Република Северна Македонија денеска ќе ја одржи редовната 92. седница, на која, меѓу другото, ќе биде разгледана Информацијата за проектот за човечки капитал и изработка на стратегија за унапредување на човечкиот капитал во Северна Македонија, во соработка со Групација Светска банка.

– Вкупно 10 стартап компании ќе ги пласираат своите иновативни производи на полиците низ маркетите Тинекс, во рамките на предизвикот „Стартап Херои”- Од супер идеја до супер маркет, кој го реализираше Фондот за иновации и технолошки развој.

– Во мај годинава земјава вкупно потрошила 524.635 мегават часови електрична енергија, 10,123 милиони нормални кубни метри природен гас, 254.036 тони јаглен и 76.769 тони нафтени продукти.

– Седум студенти и дипломци од целата држава започнуваат со три месечна неделна платена пракса во Дирекцијата за Технолошко индустриски развојни зони (ТИРЗ). Ова,како што велат од Дирекцијата, е нов концепт на пракса кој се воведува со цел на млади луѓе, покрај факултетското образование да им се даде можност да се стекнат со практично искуство и вештини.

– Поради изведување на водоводен приклучок ф-80мм на ул.Борис Трајковски 300 (Зинес Мебел), прекинато водоснабдување денеска ќе имаат објектите во непосредна близина, односно индустриската зона, соопшти ЈП Водовод и Канализација Скопје.

– Македонскиот пијанист Симон Трпчески утре на фестивалот „Музика Мунди“ крај Брисел, ќе настапи заедно со легендарниот Максим Венгеров, кој се смета за еден од најголемите виолинисти на сите времиња. На програмата се камерни дела од Моцарт, Франк, Прокофјев и Равел.

– Претседателот на Собранието на Србија, Ивица Дачиќ, изјави денеска дека одлуката на високиот претставник во БиХ за забрана за негирање геноцид е „потег што иритира“ и предизвикува поделби.

– Црна Гора и Германија наскоро би можеле да склучат договор за подобрување на деловната соработка на полето на одржливост на природните ресурси, што би било тесно поврзано со Соланата во Улцињ и инвестиции во обновување на производството на сол и зачувување на еколошкиот ризорт. Тоа произлегува од извештајот на Комисијата за проценка на пазарната вредност на имоти, во кој имале увид од подгорилкиот весник „Вијести“.

– Поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов и членови на неговата партија ГЕРБ се вакцинираа. Имунизацијата беше пренесувана во живо на Фејсбук профилот на Борисов.

– Според пријавените податоци, голем број рибари во Европска Унија, поточно 43 проценти, заработиле помалку од националната минимална плата во 2018 година, а меѓу оние кои работат на пловни објекти помали од 12 метри, дури 70 проценти, покажува истражување на Светската фондација за природа (WWF).

– Бројот на реално одработените часови во ЕУ е намален за 12 отсто во споредба со претходната година. Тоа го покажуваат податоците на статистичката агенција на ЕУ – Евростат.

– Четириесет и еден отсто од работната сила размислува за драстична промена во кариерата следната година. Податоците се од најновиот извештај на „Мајкрософт“, Работниот тренд на индексот на „Мајкрософт“, студија која цитира информации од 30.000 вработени ширум светот преку „Мајкрософт 365“ и „ЛинкедИн“.

– Глобалните синџири на снабдување доживеаја сериозни промени во последните месеци и сега се соочени со нови ризици кои доаѓаат овојпат како резултат на поплавите во Кина и Европа. За тој предизвик, алармира Тим Хаксли, главен извршен директор на бродската компанија Мандарин шипинг.

– Македонскиот таеквондистот Дејан Георгиевски се пласира во финалето на Олимпијадата во Токио. Тој претпладнево го победи Кјо Дон Ин од Кореја со 12:6 во полуфиналето во категоријата +80 килограми.

– Американската поп-панк пејачка Пинк изјави дека е подготвена и сака да ја плати казната на женската ракометна репрезентација на Норвешка, која одби да игра во бикини. На Твитер, пејачката ја обвини Европската ракометна федерација за сексизам.

– Рикарда Функ од Германија освои злато во кајак за жени на Олимписките игри во Токио. Таа и го донесе првиот златен медал на својата земја на Игрите во Токио.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close