МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

26 јули 2021

26 јули 2021 

 Здружението за борба против рак „Борка за секој нов ден“ доби донација од милион денари од компанија „Моцарт“, во рамки на кампањата „Милион причини за гол“.

– Државниот завод за индустриска сопственост (ДЗИС) соопшти дека потпиша Меморандум на соработка со Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје со цел да се интензивира образованието од областа на интелектуалната сопственост, како и за јакнење на свеста и ефикасно спроведување на заштитата на правата од интелектуална сопственост.

– Под покровителство на претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски, изминатата седмица во Охрид се одржа Кампот за високо-технолошка извонредност, со учество на 16 ученици на возраст од 11 до 15 години кои живеат во земјава или во странство, но со македонско потекло.

 – Претседателот на Собранието, Талат Џафери денеска оствари средба со Бенедето Дела Ведова, заменик-министер за надворешни работи на Италија, кој престојува во официјална посета на земјава.

– Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,22 отсто. Бензините ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОСУПЕР БС-98 и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) од утре ќе поевтинат за 1,50, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 1,00 денар по литар.

– Постојаниот координатор на Обединетите нации во Северна Македонија, Росана Дуџак, ја поздравува одлуката Охридскиот регион да не биде ставен на Листата светски културни и природни богатства во опасност, со нагласок дека дадениот рок треба да се искористи за итно делување и подобро менаџирање.

– Премиерот Зоран Заев прашан денеска дали ќе побара одговорност од вицепремиерот за борба против корупцијата, по објавениот Извештај на Стејт департментот за инвестициска клима за 2021, во којшто меѓудругото се нотира и дека корупцијата е постојан проблем за водење бизнис во земјава, категоричен е дека во највисокиот ешалон на власта, па дури и во вториот ешалон не е препознаена корупција.

-Доколку утре се распише референдум за членство на Србија во Европската унија, 48,9 отсто од испитаниците одговориле дека ќе гласаат „за“, пренесува Еуроњуз Србија, повикувајќи се на резултатите од истражувањето на Институтот за европски прашања.

– Возачот на автобусот, во кој вчера загинаа 10 лица, а над 40 се повредени во близина на Славонски Брод, денеска ќе се појави пред Државното обвинителство на Хрватска, осомничен дека предизвикал сообраќајна незгода, за што максималната казната изнесува до 15 години затвор.

– Управата на лондонскиот аеродром Хитроу ја повика британската Влада денеска повторно да овозможи патување за целосно вакцинирани патници од ЕУ и од САД, откако претходно беше објавено дека вкупните загуби на аеродромот од пандемијата достигнаа 2,9 милијарди фунти.

– Меѓународната организација за криминалистичка полиција – Интерпол денеска соопшти дека во меѓународната акција спроведена од 5 до 9 јули биле уапсени 286 лица осомничени за трговија со луѓе и биле откриени 22 криминални групи.

Поранешниот дефанзивец на Челзи, Џон Тери го напушти стручниот штаб на Астон Вила. За мене беше голема чест и привилегија да ги поминам последните три години во Астон Вила. Сега е вистинското време да донесеме исклучително тешка одлука и да продолжиме понатаму, изјави Тери.

Back to top button
Close
Close