МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

22 јули 2021

22 јули 2021

 Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени 2.896 тестирања, а регистрирани се 17 нови случаи со Ковид-19: Тетови – 9, Скопје – 6, и Прилеп и Гостивар – по 1. Регистрирани сe седум оздравени пациенти од: Куманово и Тетово – по 3 и Скопје – 1. Регистрирано е едно починато лице од Скопје (70 години), во болнички услови, соопшти Министерството за здравство.

– Здравјето на граѓаните, здравата економија, како и здрави финансии и општество воопшто остануваат клучни приоритети за оваа година. Во таа насока е и ребалансот на Буџетот за 2021 година во кој има раст на приходите од 4,7 отсто или за околу 10 милијарди денари, повеќе средства за капитални расходи за 24 отсто, како и дополнителни средства за мерките за поддршка на домаќинствата и стопанството, за здравството и за процесот на имунизација на населението, зголемена поддршка на земјоделството и социјално ранливите категории.

– Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, по денешниот видео разговор со премиерите на Северна Македонија и Албанија, Зоран Заев и Еди Рама, на новинарите во Крагуевац им најави дека на претстојниот регионален Економски форум во Скопје на 28 и 29 јули ќе бидат потпишани три договори, дека ќе се смени името на иницијативата „мини Шенген“ и дека ќе се направат посебни „брзи ленти“ на граничните премини за побрз проток на граѓаните од регионот, јави дописникот на МИА од Белград.

– Во контејнер со легална пратка со вреќи со кафе од Гватемала, на атинското пристаниште Пиреас биле откриени и запленети 351 килограм и 725 грама кокаин, спакувани во 298 пакувања, јави дописничкаа на МИА од Атина.

 Бугарската Влада одобри 2.422.000 лева за 6.258 ученици кои одат на летен одмор според Националната програма „Повторно заедно“. Тие се поделени во 570 групи. Тие се придружени од 662 наставници или други педагошки специјалисти, соопшти прес-центарот на Министерството за образование и наука.

– Европска Унија денеска повтори дека гасоводот Северен поток 2 помеѓу Русија и Германија не е од заеднички интерес на ЕУ, но дека ќе го разгледа постигнатиот Договор меѓу Вашингтон  и Берлин.

– Европската комисија го зголемува финансирањето за истражување за борба против Ковид-19. Подготвен е список со 11 нови проекти, за кои ќе бидат издвоени вкупно 120 милиони евра од „Хоризонт Европа“, најголемата европска програма за истражување и иновации (2021-2027).

– Најмалку 14 лица загинаа во поплавите во Јемен по дождовната бура што е реткост во таа сушна земја.

– Германската компанија „Дајмлер“, производител на „Мерцедес-Бенц“, денеска соопшти дека од 2022 година планира да инвестира повеќе од 40 милијарди евра во развој на електрични возила, со цел до 2030 година да биде подготвена за пазарот со целосно електрични автомобили.

Шефот на организацискиот одбор Токио 2020, Сеико Хашимото, зборуваше за спецификите на церемонијата на отворање на Олимписките игри. Минатата недела стана познато дека главната тема на церемонијата на отворањето е „Одење напред“ како референца за борбата против пандемијата КОВИД-19, поради што Игрите мораа да се одложат за една година. Закрепнувањето од земјотресот во источна Јапонија во 2011 година, исто така, ќе биде опфатено за време на церемонијата на отворање, рече Хашимото.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close