МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

22 јули 2021

22 јули 2021

– Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 473.657 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 4 976 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 17 521 граѓанин. Во државата вкупно се аплицирани 760.961 дози вакцини, а ревакцинирани се 305 804 граѓани, соопшти Министерството за здравство.

– Ја прифаќаме суштината и структурата на Резолуцијата, како и текстот, без да менуваме ниту точка, ниту запирка. Но кога премиерот ќе поддржи документ спротивно на Уставот, тоа зборува за Владата, тоа зборува за државата, тоа зборува за институциите. Ова денеска го изјави премиерот Зоран Заев на новинарско прашање дали доколку не стои уставното име на државата во текстот на Резолуцијата поднесена од ВМРО-ДПМНЕ за националнуите црени линии, истата ќе ја поддржи.

– Обвинетите за производство и дистрибуција на детска порнографија во предметот „Јавна соба“ која е истоимена група која била отворена и користена од повеќе членови преку социјалната мрежа Телеграф, со умисла дозволиле да се направи достапно на членовите на групата содржина со аудио-видео материјал во кој се прикажани полови дејствија со дете.

– Премиерот Зоран Заев вели дека одлуката за тоа како ќе се настапи на локалните избори во сите општини, па и во Тетово, и дали СДСМ ќе даде некому поддршка, ќе зависи од личностите кои ќе бидат кандидирани.

– По повод 118-годишнината од Илинденското востание, традиционалните научно-културни средби „10 Дена Крушевска Република“ од 1 до 10 август ќе понудат повеќе настани, информираат од крушевската локална самоуправа.

– Обвинетите за производство и дистрибуција на детска порнографија во предметот „Јавна соба“ која е истоимена група која била отворена и користена од повеќе членови преку социјалната мрежа Телеграф, со умисла дозволиле да се направи достапно на членовите на групата содржина со аудио-видео материјал во кој се прикажани полови дејствија со дете.

– Пензиите во Бугарија од 1 октомври ќе се зголемат во просек за 12,5 отсто, изјави денеска на брифинг во Советот на министри, вицепремиерот и министер за социјални работи, Галаб Донев.

 Британскиот министер за претпримништво, Кваси Квартенг, денеска изјави дека Европската унија е нефлексибилна во однос на новите преговори за делот на договорот за Брегзит во врска со Северна Ирска, предупредувајќи го Брисел дека тоа не е договор што ќе трае вечно.

– Израелската компанија НСО Груп денеска соопшти дека обвиненијата против неа се исто како и „критиките упатени кон производителите на автомобили кога пијани возачи ќе предизвикаат судир“.

Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација до 20 години, Тони Симиќ, очекува тежок дуел попладнево со Швајцарија на „Челенџерот“ во унгарски Шопрон. Овој меч веројатно е одлучувачки за првото место во групата.

– „Упорност“, роверот на НАСА на Марс, се подготвува за првиот примерок од карпите на „Црвената Планета“. Пробата ќе биде земена од кратерот Језеро, поточно местото наречено „Груб фрактуриран под“. Се очекува пресвртната точка да се случи следниве две недели.

Back to top button
Close
Close