МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

22 јули 2021

22 јули 2021

– Фокусот на Владата беше да ги користиме и сите меѓународни успешни алатки за борба со криминалот и корупцијата и имаме многу добри резултати. Извештајот на „Транспаренси интернешенел“ го прифаќаме како поттик за да одиме чекор по чекор според насоките што тој ги дава, порача премиерот Зоран Заев во емисијата „Конфликт зоун“ на „Дојче веле“.

 Воведувањето во учењето математика на првачињата преку приказни, сказни, бајки и игри кои извираат од секојдневието на децата претставува најприроден и најубав, а воедно и најефективен начин за постигнување на дефинираните стандарди за оценување во новата наставна програма по математика, вели д-р Слаѓана Јакимовиќ, која заедно со м-р Ирена Богдановска ги подготвија новите материјали за учење по математика за прво одделение.

– Министерството за внатрешни работи набави нови 40 етилометри (познати уште и како дрегери) кои ќе бидат предадени на сообраќајната полиција за санкционирање на возачите што управуваат возила под дејство на алкохол. По неодамнешната набавка на 50 модерни, технички високо-софистицирани радарски уреди, од МВР, информираат дека продолжуваат со опремувањето на сообраќајната полиција со цел уште поголемa безбедност на патиштата.

– Град Скопје во рамки на кандидатурата за Европска престолнина за културата за 2028 година назначува два легални ѕидови за слободно користење од уличните уметници за пишување и цртање графити, сликање мурали, тагови и слично. Тоа се потпорниот ѕид на улица „Војвода Васил Чакаларов“ („Адолф Циборовски“) по „Реплек“ и ѕидовите од двете страни на булеварот „Гоце Делчев“ под поранешна Стоковна куќа „Мост“, денес Универзитет на Југоисточна Европа.

– Премиерот Зоран Заев утрово имал онлајн состанок во врска со подготовките за Економскот форум за регионална соработка, што го организираат со неговиот албански колега Еди Рама и српскиот претседател Александар Вучиќ.

– Вкупно 11 проектни апликации беа доставени на јавниот повик „Предизвик за воспоставување лаборатории за производство FAB LABS – Младите создаваат”, што го спроведува Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР).

– Петнаесет македонски средношколци и студенти од вчера до крајот на месецот, ќе бидат дел од меѓународното жири на најголемиот филмски фестивал за деца на светот – „Џифони“ кој се одржува во Италија.

– Во рамки на 42. издание на манифестацијата „Скопско лето 2021“ вечер концерт ќе одржат Анастасија Холц – сопран (Србија) и Билјана Петровска – пијано придружба.

– Само процес предводен од Кипраните, двете зони и двете заедници, може да донесе мир и стабилност на Кипар, вели американската потсекретарка за политички прашања Викторија Нуланд.

– Целта на Турција со најавите за отворање на дел од затворениот град Фамагуста е дополнително промовирање на плановите за финализирање на поделбата, соопшти портпаролот на кипарската Влада Мариос Пелеканос по одржаниот Национален совет на Кипар свикан од претседателот Никос Анастасијадис, јави дописничката на МИА од Атина.

– Бугарскиот претседател Румен Радев ќе одржи консултации со претставници на пратеничките групи од 46-то Национално собрание, пред да му го предаде мандатот за формирање нова влада на кандидатот за премиер што ќе го номинира најголемата партија во парламентот.

 Првиот човек на австриското Министерство за внатрешни работи, Карл Нехамер, најави дека ќе испрати специјални полициски единици „Кобра“ на источната надворешна граница на ЕУ.

– До крајот на оваа или на почетокот на следната година во Унгарија треба да се организира владин референдум за законот со кој се ограничува наставата за прашањата на хомосексуалноста и трансродноста, изјави денеска шефот на канцеларијата на премиерот Виктор Орбан.

– Главниот мексикански истражител против перење пари изјави дека официјални претставници во претходните влади од 2012 до 2018 година потрошиле 300 милиони долари државни пари за купување софтвер од израелската компанија за шпионирање НСО.

– Осум лица загинаа, а 20 се повредени, меѓу нив и полицајци, во немирите во два затвора во Еквадор, соопшти органот задолжен за затворите.

– Пандемијата на коронавирусот веројатно долгорочно ќе влијае на менталното здравје ширум светот, предупредуваат европските канцеларии на Светската здравствена организација (СЗО) во новиот извештај објавен денеска.

– Сирија денеска го обвини Израел за уште еден напад од воздух, втор оваа недела, врз централниот дел од земјата.

– Два патнички авиона утрово се судрија на пистата на Меѓународниот аеродром во Дубаи,  во инцидентот нема повредени луѓе.

 Италијанскиот фудбалски шампион Интер најави промена на генералниот спонзор. Од претстојната сезона, логото на дресовите на Интер ќе биде апликацијата Socios.com.

 Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) и организаторите на Олимписките игри во Токио забранија фотографии на социјалните платформи на спортисти кои клечат за поддршка на кампањата „Црните животи се важни“.

 Дванаесет нови случаи на инфекција со коронавирус беа идентификувани на Летните олимписки игри во Токио во текот на вчерашниот ден. Ова го објави прес-службата на Меѓународниот олимписки комитет (МОК).

 Дванаесет нови случаи на инфекција со коронавирус беа идентификувани на Летните олимписки игри во Токио во текот на вчерашниот ден. Ова го објави прес-службата на Меѓународниот олимписки комитет (МОК).

 Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) и организаторите на Олимписките игри во Токио забранија фотографии на социјалните платформи на спортисти кои клечат за поддршка на кампањата „Црните животи се важни“.

 Италијанскиот фудбалски шампион Интер најави промена на генералниот спонзор. Од претстојната сезона, логото на дресовите на Интер ќе биде апликацијата Socios.com.

Back to top button
Close
Close