МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

25 јуни 2021

 25 јуни 2021 

– Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој беше домаќин на церемонијата во Охрид по повод свечено усвојување на Регионалниот патоказ за борба против корупција и нелегални финансии, на која присуствуваа колеги од земјите од Западен Балкан, засегнати како од предметната област, така и од теми на споделен интерес, ја искористи можноста да реализира две билатерални средби.

– Инспирирани од Европската Унија, воспоставивме и создадовме средина каде што сите граѓани на земјите од Западен Балкан ќе можат безбедно да ги користат своите мобилни телефони за да остваруваат повици, да испраќаат пораки или да сурфаат на интернет низ сите земји во Западен Балкан без дополнителни трошоци од 1 јули.

– Министерката за образование и наука Мила Царовска, претседателот на државата Стево Пендаровски и претставници од Сити Колеџ од Солун, којшто е европски кампус на британскиот Универзитет Јорк, денеска потпишаа протокол за доделување на стипендиите „Борис Трајковски”.

– Повеќе актуелни економски теми во интерес на стопанството и економскиот развој на државава беа разгледани на денешната редовна седница на Комисијата за јавно приватен дијалог со која ко-претседаваше вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, а присуствуваа и министерот за финансии Фатмир Бесими, директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, директорот на Бирото за јавни набавки, Борче Хаџиев, државната секретарка во Министерството за економија Размена Чекиќ Дуровиќ и претседателите и извршните директори на стопанските комори, членки на Платформата за јавно-приватен дијалог.

– Србија започна преговори со ЕУ пред повеќе од седум години, до ѕвездата на знамето на ЕУ има уште многу да се работи, а на тој пат може да не запре Хрватска, пред се поради границата и исчезнатите лица, Романија поради малцинствата и користењето на Дунав, како и Бугарија со која го решаваме прашањето за националните малцинства, анализира белградски Блиц, јави дописникот на МИА од Белград.

– Турското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека одлуките усвоени на самитот на лидерите на ЕУ, кои се однесуваат на Турција, се далеку од тоа дека ги содржат очекуваните и неопходните чекори.

– Најмалку пет лица загинаа откако ретката појава на торнадо и обилните дождови предизвикаа хаос на југо-истокот на Чешка, соопштија денеска чешката полиција и службите за итни случаи, јави ДПА.

– Во западноафриканската држава Мали извршен е напад на патрола на германски војници, членови на мисијата на ООН.

 – Европската фудбалска асоцијација започна истрага за можни случаи на дискриминација на натпреварот од групната фаза на ЕВРО 2020 Германија – Унгарија (2:2).

Back to top button
Close
Close