МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

25 јуни 2021

25 јуни 2021

– Предизвиците со кои се соочуваат лицата кои немаат лични документи, бегалците и мигрантите беа тема на разговор на денешната средба во Скопје меѓу министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска и претставничката на Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации УНХЦР, Моника Сандри.

– Независниот синдикат на полицијата на денешната прес-конференција го изрази своето незадоволство од потпишувањето на Колективниот договор од страна на Македонскиот полициски синдиката и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

– Постојниот систем на здравствена заштита на затворениците треба да се подобри и многу сме блиску до наоѓање на дефинитивниот модел, на кој долго време се работи, вели министерот за здравство Венко Филипче по денешната изјава на омбудсманот.

– Девет нови случаи со Ковид 19 се ргистрирани во последните 24 часа од направени 3.239 тестирања, соопшти Министерството за здравство. Оздравени пациенти се регистрирани 13 и три починати лица.
Новите случаи со Ковид 19 според податоците од Министерството за здравство, се по тројца во
Скопје  и Кичево и во Битола, Штип и Дебар по еден.
– Повеќе од 20 проценти од затворениците во казнено-поправните установи во државата се зависници од дрога. Според извештајот на Народниот правобранител – Национален превентивен механизам, 476 затвореници од вкупниот број од 2118 (затвор-притвор), затвореници страдаат од нарушувања предизвикани од употребата на дрога.
– Многу топло време со натпросечни температури кои наместа ќе бидат над 40 степени ќе се задржи и утре. Во недела и понеделник ќе се намали за неколку степени, но од вторник повторно ќе биде во пораст и ќе достигне и до 42 степени.
– Хрватска очекува да стане членка на еврозоната на почетокот на 2023 година и дотогаш има намера да ги исполни сите потребни критериуми. Тоа го изјави денеска хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ во Брисел.
 Велико Трново наесен ќе биде домаќин на состанок меѓу новинари од Бугарија и Република Северна Македонија, организиран од БТА, најави генералниот директор на бугарската агенција БТА, Кирил Валчев.
– Лидерите на ЕУ дискутираат за економски прашања на вториот ден од самитот во Брисел.

Денешниот ден е посветен на економското закрепнување на Унијата, а на лидерите во Брисел им се придружи и претседателката на Европската централна банка, Кристин Лагард.

– Светската Асоцијација за вакцини (ГАВИ) денеска потврди дека обезбедила 775 милиони долари за финансирање на испораките на вакцини против Ковид-19 во земјите со ниски примања кои исполнуваат услови за поддршка во текот на следните две години.
 Општина Аеродром ги повикува сите заинтересирани да се пријават за учество на турнир во баскет насловен „Тројка за МЗТ“ на info@3x3macedonia.mk.

Back to top button
Close
Close