МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

24 јуни 2021

24 јуни 2021 

– Министерот за правда Бојан Маричиќ и евроамбасадорот Дејвид Гир денеска имаа средба на која разговараа за законодавната агенда на Министерството за правда со акцент на разговорите за измените на Изборниот законик, соопшти Министерството за правда.

– Новиот роман „Брезите што шумеа крај Темза“ од Катерина Серафимовска е промовиран на терасата на книжарницата „Литература.мк“ на улицата „Македонија“.

– Во последните 24 часа од направени 2.302 тестирања, регистрирани се десет нови случаи на Ковид-19, три лица починаа, а 17 се оздравени, Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје.

Кога се претставува државата, а фудбалската репрзентација ја претставува државата, тогаш се употребува на Северна Македонија, додека македонско, македонска, Македонец, сите делови на придавката, нашиот идентитет, македонскиот јазик се употребуваат во сите други форми на дискусија, општење и соопшутување на нашите ставови, изјави денеска премиерот Зоран Заев, одговарајќи на пратеничко прашање во Собранието.

– Францускиот премиер Жан Кастекс ги повика Французите да се вакцинираат против коронавирусот, истакнувајќи дека се помалку луѓе се пријавуваат за вакцинација во летниот период.

– Унгарскиот премиер Виктор Орбан го бранеше денеска законот со кој се забранува промовирање на хомосексуалноста и промена на полот во училиштата, тврдејќи за себе си дека е борец за правата на ЛГБТ лицата.

Дијалогот со Русија е неопходен за стабилноста на Европа, но тој мора да биде „напорен“ за да не „отстапиме од нашите вредности“, изјави денеска францускиот претседател Емануел Макрон.

Во белорускиот град  Гомел денеска почна судењето на Сергеј Тихановски, затворениот сопруг на белоруската опозициска лидерка, Светлана Тихановскаја, кој и самиот сакаше да се кандидира на претседателските избори, јавои ДПА.

Советот на Европската унија денеска донесе одлука за воведување економски санкции против Белорусија, што ќе влијаат врз нафтениот сектор, како и на производството на калиум хлорид, пренесуваат агенциите.

– Туниската крајбрежна стража спаси 267 мигранти од давење откако им се расипал бродот на пат кон Европа, изјави денеска локален хуманитарен претставник, пренесе ДПА.

Индија Волтон може да стане првиот градононачалник-социјалист на голем американски град за повеќе од 60 години.  Кандидатката синоќа победи на прелиминарните избори за демократски градоначалник на Бафало, сојузна држава Њујорк. Таа извојува победа над актуелниот градоначалник кој ја вршел функцијата четврти мандат. 

На гледачите ќе им биде дозволено да присуствуваат на натпреварите од шпанската Ла Лига следната сезона. Шпанската влада објави дека навивачите ќе можат да ги посетуваат стадионите од почетокот на новата сезона на шампионатот.

Back to top button
Close
Close