МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

24 јуни 2021

24 јуни 2021 

– Повеќе од половина од испитаниците на Западен Балкан, односно 56 проценти изразуваат желба да се вакцинираат, 42 проценти не сакаат, покажува „Балкан Барометар 2021“ што го спроведува Регионалниот центар за соработка.

– Градењето домови за оние кои се соочуваат со потешкотии, е една од најхуманите акции кои можат да се направат, изјави денеска вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи за време на настанот на граѓанската организација „Habitat for Humanity“, при кој беа посетени новите објекти со вкупно 48 станови за домување на лица во социјален ризик во Велес.

– Државната енергетска компанија АД ЕСМ понуди најниска цена од 36,1 евро за мегават час на тендерот за набавка на електрична енергија за следните шест месеци што го распиша Универзалниот снабдувач ЕВН Хоум.

– Веќе имаме избрано изведувач, односно преземена е трасата на првата делница (Градско-Дреново) од експресниот пат Прилеп – Градско од компанијата „Штрабаг“ и наесен се очекува влез на работите на оваа компанија. На втората делница Дреново – Фариш веќе имаме избрано изведувач кој е воведен во работа и роковите за реализација на овој дел од делницата од експресниот пат веќе течат, информира денеска министерот за транспорт и врски Благој Бочварски одговарајќи на прашање од пратеникот Миле Талевски од СДСМ на седница во Собранието.

Ковид кризата беше стрес – тест за сите институции и никој од нас не беше подготвен. Но, од друга страна отвори можност и предизвик опоравувањето на економијата да го направиме на „зелен“, одржлив начин, истакнал министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, на Економскиот форум што се одржа вчера во Скопје.

– Претседателот на Бугарија Румен Радев денеска нагласи дека брзото движење на Република Северна Македонија кон ЕУ зависи само од дијалогот со Бугарија.

– Српскиот претседател, Александар Вучиќ, изјави денеска дека му е многу жал што ЕУ не им дала на Албанија и Северна Македонија датум за почеток на преговорите и дека не е фер кон тие земји и нивните граѓани.

– Премиерите на земјите членки на ЕУ се поделени околу тоа дали да се сретнат со рускиот претседател Владимир Путин, предлог што вчера го изнесоа Германија и Франција, во пресрет на самитот на Унијата во Брисел, јави ДПА.

– Русија ќе биде подготвена да „отвори оган и да нападне“ туѓи бродови за да ги заштити своите граници, предупреди денеска рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков по инцидентот во Црното Море каде плови британскиот воен брод „Дифенред“ во близина на Крим, во водите за кои таа тврди дека се нејзини.

– Полициски службеник во Кенија изјави денеска дека 17 војници загинале кога хеликоптерот, со кој летале за време на вежба, се урнал во предградие на главниот град Најроби.

Претседателот на полскиот фудбалски сојуз Збигњев Боњек изјави дека селекторот на полската репрезентација Пауло Соуса ќе продолжи да работи со тимот, и покрај неуспешниот настап на ЕВРО 2020.

Back to top button
Close
Close