МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

25 јуни 2021

24 јуни 2021

 Земјава и денеска ќе биде под влијание на топол бран со високи температури од портокалова (алертна) фаза. Надлежните апелираат да се почитуваат општите мерки за заштита на здравјето, да се ослободат од работните обврски најранливите групи, вклучувајќи ги бремените жени, како и лицата на возраст над 60 години, а децата од градинките да не се изнесуваат на отворено од 11 до 17 часот.

Народниот правобранител Насер Зибери денеска на прес-конференција ќе го презентира извештајот на Национален превентивен механизам (НПМ) за 2020 година.

Сто илјади вакцини „Фајзер“ преку Ковакс механизмот се очекува да пристигнат денеска во државава. Вакцините ќе се складираат во поликлиниката „Јане Сандански“ и на Институтот за судска медицина. Откако ќе биде добиена дозвола за пуштање на сериите во промет од Агенцијата за лекови тие ќе се дистрибуираат низ државата од почетокот на следната недела. Ова го најави министерот за здравство Венко Филипче, кој рече дека задутре во 14 и во 16 часот на аеродромот во Скопје ќе пристигнат 500 илјади дози од вакцините „Синовак“.

– Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Република Северна Македонија (ЗЕЛС) денеска организира завршна конференција на тема –„ Форум на општински пракси: Кон родово одговорни општини“.

 Во организација на Центарот за напредни истражувања од Скопје, а со партнерство на Академската мрежа за соработка во Југоисточна Европа, денеска во Скопје, ќе се одржи хибридна (со физичко и on-line присуство) меѓународна конференција „Духот и сенките на Југославија: рефлексии и процеси, 30 години од распадот на СФРЈ“.

– Најголемата грчка опозициска партија Сириза ја повика Владата на премиерот Киријакос Мицотакис брзо да ги ратификува трите меморандуми потпишани меѓу Грција и Северна Македонија, како дел од Договорот од Преспа, по најавите дека Атина размислува за понатамошно одложување на процесот, пишува денеска „Еурактив“.

– Светската здравствена организација предвидува дека најранливата популација кога станува збор за коронавирусот, како што се постарите лица, ќе треба да прими дополнителна доза на вакцина секоја година за да добијат заштита од сите соеви, се вели во внатрешен документ во кој имале увид западни агенции.

– Првите случаи на Ковид-19 веројатно се појавиле во Кина меѓу почетокот на октомври и средината на ноември 2019 година, тврдат британски научници во новите проекции кои сугерираат дека коронавирусот се проширил низ целиот свет многу побрзо отколку што се сметаше порано.

– Носењето заштитни маски на јавни места во затворен простор од денеска повторно е задолжително во Израел. Одлуката е донесена откако во државата е регистрирано зголемување на бројот на лица заразени со новит коронавирус, иако повеќе од половина Израелци веќе примиле две дози на вакцина против Ковид-19.

 

 

Back to top button
Close
Close