МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

23 јуни 2021

23 јуни 2021 

– Денес Европа има проблем. Големата, визионерската идеја за обединета Европа денес има проблем. А проблемот е самата ЕУ. Брисел ни порача дека ЕУ не успеа да најде начин да ја обезбеди заслужената интеграција на Западен Балкан. Е тоа е проблемот. Тоа што 26 земји членки на ЕУ не успеваат да спречат блокада на една земја членка тоа е проблем на Европа предизвикан од самата ЕУ, истакна премиерот Зоран Заев на заедничката прс-конференција со неговиуот албански колега Еди Рама на првиот Економски форум во Скопје.

– Премиерот Зоран Заев денеска ја отвори 11-тата Републичка пензионерска ревија на песни, музика и игри во организација на Сојузот на здруженија на пензионери на Северна Македонија, поздравувајќи ја нивната важна улога како градители на нашето општество.

– За 2,5 часа граѓаните симболично спасија од корупција над 10 милиони денари во рамки на перформансот „СВИРИ КРАЈ!“ организиран од Регионалната антикорупциска иницијатива.

Приемот на Северна Македонија во НАТО минатата година претставува вистински регионален успех. Вашиот воен придонес кон Сојузничката команда за операции имаат витално значење за мирот и стабилноста на Западен Балкан и безбедноста на Европа, истакна командантот на Врховната сојузничка команда на НАТО за Европа, генерал Тод Волтерс на денешната средба со министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

– Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски при денешната посета во Берово информираше дека поради миграција на системот, вечерва во 21 часот ќе следи мал застој во системот за издавање патни документи и лични исправи. На новинарско прашање зошто има проблеми при издавањето лични документи одговори дека лични документи се издаваат и сега, но поради ковид-пандемијата била зголемена побарувачката за нив, заради што се стекнал впечаток дека има застој во издавањето лични документи.

– Ние повторно ќе треба да чекаме, но ќе продолжиме да го правиме истото, и да се потпираме на себе, а не само на тоа што го кажува Брисел, изјави премиерот на Албанија Еди Рама на панел на Првиот Економски форум во Скопје на кој учествува и премиерот Зоран Заев коментирајќи го неупсхехот вчера на ЕУ да испорача почеток на преговори за Скопје и Тирана.

– Следните два дена (24-25 јуни) целата територија на државата ќе биде зафатена со температури од портокалова (алертна) фаза, соопштија од Министерството за здравство по најава од Управата за хидрометеоролошки работи.

– Српската министерка за рударство и енергетика, Зорана Михајловиќ, денеска изјави дека во Србија оваа година приливот на странски инвестиции е 1,4 милијарди евра. Според неа, тоа е речиси 13 проценти повеќе отколку во истиот период минатата година.

Руската Црноморска флота, заедно со Пограничната служба на руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) денеска испукаа предупредувачки истрели во обид да спречат британски брод-разурнувач да ја наруши руската државна граница.

– Израел денеска ги овласти здравствените работници да ги стават во 14-дневен карантин сите лица за кои ќе проценат дека биле изложени на делта сојот на коронавирусот дури и ако биле вакцинирани или ја прележале инфекцијата.

– Македонскиот велосипедист Игор Талевски има забележителен настап на трката, која во должина од 6.920 километри се вози од Западниот до Источниот брег на Соединетите Американски Држави, и пред завршните етапи е шестопласиран во конкуренција на 42 натпреварувачи.

Back to top button
Close
Close