МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

22 јуни 2021

22 јуни 2021 

– Денеска се одржува Советот за општи работи на ЕУ на кој министрите за европски прашања на земјите членки на Унијата треба да донесат одлука за одржување на првата Меѓувладина конференција со Северна Македонија и со Албанија, но сигналите од Софија не даваат голем простор за надеж, јавува дописничката на МИА од Брисел.

– Министерката за надворешни работи на Шведска и актуелен претседавач со ОБСЕ Ан Линде, која престојува во посета на С Македонија, денеска во Скопје ќе има средби со премиерот Зоран Заев и со шефот на дипломатијата Бујар Османи.

– Владата денеска на седница треба да ги разгледа и да одлучи за двете законски решенија кои се однесуваат на најавеното намалување на ДДВ на електричната енергија и воведувањето еколошка такса на горивата. Министерот за финансии Фатмир Бесими вчера изјави дека Владата ќе оди со предлогот мерките да важат од 1 јули и со очекување дека дотогаш Собранието ќе успее да ги изгласа.

– За трговијата со деца во Западен Балкан ќе се дискутира на Регионалната конференција „Заедно да се соочиме со кризата: Заштита на децата од трговија и експлоатација во Западен Балкан“, што ќе се одржи денеска и утре онлајн во рамки на заедничката програма на ЕУ и Советот на Европа „Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција 2019-2022“.

– Хуморот и сатирата како едукативни пристапи во ширењето на медиумската писменост е темата на вебинарот што денеска го организира Метаморфозис.

– Онлајн дебата „Патот на Северна Македонија кон ЕУ – што е следно?“ ќе биде одржана денеска во организација на германскиот Аспен институт.

– Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

– На патниот правец А2 Кичево – Охрид, на делницата Пресека – село Врбјани, сообраќајот ќе биде во прекин 15 – 20 минути меѓу 12:00 и 15:00 часот.

Времето во земјава  ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има ретка појава на пороен дожд и грмежи, претежно во планинските подрачја. Ќе дува слаб до умерен северозападен, а во западните делови повремено и засилен западен ветер.

– Минимална разлика има помеѓу бугарските партии ГЕРБ-СДС и „Има таков народ“ покажуваат податоци од анкета на „Тренд“ нарачана од „24 часа“, направена помеѓу 11 и 18 јуни врз 1003 лица постари од 18 години.

– Сталин ја нарекол дезинформација порака од советското разузнавање дека до јуни 1941 година Германија ги завршила сите воени подготовки за напад врз Советскиот Сојуз. Ова го напиша директорот на Руската служба за разузнавање, Сергеј Наришкин во статија за списанието „Национална одбрана“.

– Филипинскиот претседател Родриго Дутерте им се закани со затворска казна за граѓаните кои одбиваат да се вакцинираат против Ковид-19 додека неговата земја води голема битка со коронавирусот и има над 1,3 милиони заразени и над 23.000 смртни случаи.

Back to top button
Close
Close