МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

21 јуни 2021

21 јуни 2021 

Програмата за соработка на Швајцарија со Северна Македонија 2021–2024, и понатаму е израз на силната посветеност на оваа наша пријателска земја да ја продолжи поддршката на решавањето на преостанатите предизвици на нашата политичка определба, на нашите социјални и економски политики, особено сега во пост-ковид периодот, рече премиерот Зоран Заев на денешната промоција на Програмата на која беа присутни и заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска и министерот за локална самоуправа Горан Милевски.

– Министерството за информатичко општество и администрација и Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер потпишаа Меморандум за соработка со кој се унапредува соработката на полето на слободниот пристап до информации од јавен карактер, информираат од МИОА.

– Депозитите во мај имаат месечен раст од 1,2 отсто, додека кај кредитите растот е 0,8 отсто. Податоците на Народната банка на годишно ниво покажуваат дека депозитите забележале раст од 7,1 отсто, а кредитите од 5,6 отсто.

– Францускиот јазик е предност за младите во Северна Македонија, и за нивната професионална иднина, изјави денеска францускиот амбасадор во земјава Сирил Бомгартнер во своето обраќање на отворањето на Летниот регионален онлајн универзитет 2021, во организација на Францускиот институт во Скопје.

– Три нови случаи на КОВИД-19, 15 оздравени пациенти и двајца починати се регистрирани во последните 24 часа, соопшти Министерството за здравство.

– Ако поројните врнежи што се прогнозираат за попладнево се случат за краток временски период, можна е појава на брзо истекување на водите по малите водотеци и суводолиците во планинските делови и региони, а доколку врнежите ги погодат градските средини можни се локални урбани поплавувања во зависност од капацитетите на атмосферските канализации и почитувањето на прописот атмосферските води да не се влеваат во канализациските мрежи, предупредува Секторот за хидрологија на УХМР.

– Министрите за животна средина и енергија на Грција и Египет ја разгледуваат можноста за електрично поврзување на двете земји преку подводен кабел со голем капацитет, што во Грција и Европа ќе пренесува електрична енергија, произведена исклучиво од обновливи извори, соопшти грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис по средбата со египетскиот претседател Абедел Фатах ал-Сиси по нивната средба во Каиро, јави дописничката на МИА од Атина.

– Албанија забележала значителен раст на извозот во текот на месец мај, надминувајќи ги дури и нивоата пред кризата.

– Предвремените избори во Ерменија, на кои најголем број гласови освои актуелниот премиер Никол Пашинијан беа „конкурентни и добро организирани“, оцени денеска набљудувачката мисија на Организацијата за безбедност и соработка аво Европа (ОБСЕ).

– Генералната директорка на Светската трговска организација (СТО) Нгози Оконџо Ивеала потврди денеска дека африканските земји преговараат со ЕУ и други партенри за започнување производство на вакцини против коронавирусот во Јужна Африка, Сенегал, Руанда, а можеби и во Нигерија.

Голманот на Германија, Мануел Нојер, ќе се појави на мечот на Европското првенство против Унгарија со капитенската лента во боите на виножитото, пренесува „Судејче цајтунг“.

Членовите на карате клубот „Уранику“ од Дебар постигнаа голем успех на државното првенство во карате за кадети, јуниори и каратисти до 21 година, што се одржа во неделата во Скопје, информираше на средба со новинарите, тренерот Дурим Пачуку.

– Македонските фудбалери вечерва против Холандија под силни емоции ќе го играат завршниот натпревар на ЕУРО2020 по објавата на капитенот Горан Пандев дека за последен пат го облекува репрезентативниот дрес.

Back to top button
Close
Close