МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

21 јуни 2021

21 јуни 2021 (МИА)

– Владата останува на проекциите за инфлацијата и растот на БДП предвидени во ребалансот на Буџетот, кој е усвоен од страна на Владата и за кој треба да се расправа во Собранието.

– На денешната седница на Комисијата за финансирање и буџет беше отворен претрес на амандманите за менување на членовите од Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за субвенциониран студентски оброк, поднесени од пратениците Моника Зајкова и Боби Мојсоски.

– Владата утре на седница ќе ги разгледува двете законски решенија кои се однесуваат на најавеното намалување на ДДВ на електричната енергија и воведувањето еколошка такса на горивата и ќе донесе одлука. Министерот за финансии Фатмир Бесими вели дека Владата ќе оди со предлогот да важат од 1 јули и со намера дека во Собранието ќе успее да се изгласаат во тој период.

– Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,5 отсто.

– Сите сме мошне посветени кон заедничко изнаоѓање решенија што ќе доведат до отворање на пристапните преговори на Северна Македонија што е можно побрзо, изјави денеска евроамбасадорот Дејвид Гир, во одговор на новинарско прашање дали португалскиот предлог за деблокирање на нашиот евроинтеграциски процес ќе се разгледува и за време на словенечкото претседателство со ЕУ.

– Две лица загинаа откако претпладнево се урна мал авион во селото Хариа, во близина на Пиргос во западниот дел на грчкиот полуостров Пелопонез, јави дописничката на МИА од Атина.

– Шведскиот град Умео, финскиот Тампере и португалскиот Фуншал имаат најчист воздух во Европа, според Европската агенција за животна средина (ЕЕА).

– Народот на Иран сака реформи, борба против корупцијата и повисок животен стандард, а нивните желби ќе бидат исполнети за време на мојот мандат, изјави новоизбраниот ирански претседател Ебрахим Раиси на својата прва прес-конференција по гласањето.

– Македонскиот првак Вардар 1961 и следната сезоната ќе стартува директно од групната фаза во ракометната Лига на шампиони (ЛШ), потврди денеска Европската ракометна федерација (ЕХФ).

– Младата пливачка Миа Блажевска Еминова, на Олимпискиот квалификациски турнир во Белград, Србија, на 100 метри слободно постигна време од 57,13 секунди. На овој начин, таа се стекна со правото да ја претставува државата на Летните олимписки игри во Токио.

Back to top button
Close
Close