МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

17 јуни 2021

17 јуни 2021

– Премиерот на Бугарија Стефан Јанев за време на заедничката прес-конференција со неговиот македонски колега Зоран Заев рече дека како соседи и братски народи ни треба постојана комуникација и размена на мислења.

– Човечкиот капитал е во директна корелација со економскиот раст, односно преку раст на знаењата и вештините на граѓаните може да се делува кон забрзување на растот. Оттаму, еден од приоритетите во плановите и проекциите за заздравување и забрзан раст се инвестициите во човечкиот капитал, посочи министерот за финансии Фатмир Бесими на вебинарот организиран од Економскиот факултет на тема „Предизвици за високото образование од областа на економијата во периодот на пост-Ковид-19“.

– Премиерот Зоран Заев на денешната заедничка прес-конференција со бугарскиот колега Стефан Јанев по нивната средба во Софија уште еднаш повтори дека проблемот меѓу двете земји е билатерален и дека така треба да се реши.

– Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) денеска, повикувајќи се на писмо од Светската конфедерација на синдикати и Европската конфедерација на синдикати, соопшти дека овие две меѓународни синдикални организации се загрижени за нефункционирањето на социјалниот дијалог во земјава.

Пандемијата само ги интензивираше и ги исфрли на површина проблемите со кои секојдневно се соочуваат лицата со попреченост, нивните родители и лицата што се грижат за нив а дека државата сѐ уште заостанува во исполнување на обврските од Конвенцијата за правата на лицата со попреченост, е заклучокот од денешната презентација на анализата посветена на ефектите, кои пандемијата ги имаше врз лицата со попреченост во земјата спроведена од Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија со поддршка на Фондацијата за демократија на Вестминстер.

На почетокот на кампањата за изборите во Бугарија, резултатот  изгледа се повеќе непредвидлив, се вели во анкетата на Галуп направена за Бугарското национално радио.

– Последниот Евробарометар посветен на расположението на граѓаните на ЕУ за вакцинирање покажува охрабрувачки резултати освен кај одредени категории, јави дописничката на МИА од Брисел.

Руските власти денеска ја поздравија посветеноста на претседателите на Русија и САД за дијалогот за стратешка безбедност и нуклеарно разоружување и оценија дека САД „се враќаат на здравиот разум“.

 

Back to top button
Close
Close