МИА Радио флешПакети

МИА Радиофлеш

17 јуни 2021

17 јуни 2021

– Министерството за здравство информира дека вчера биле аплицирани 4.299 вакцини. Досега се вакцинирани вкупно 265.164 лица, а за вакцинација се пријавиле 453.180 граѓани.

Ја започнавме средбата со премиерот на Бугарија, Стефан Јанев. Денес работиме на зајакнување на довербата и преку искрен пристап целиме да постигнеме исчекор напред кон решение, објави премиерот Зоран Заев на Твитер.

„Кајмак“ е насловот на новиот, односно седми игран долгометражен филм во режија на Милчо Манчевски. Станува збор за современа црна комедија или среќна комедија за две семејства кои се пристојни на почетокот, среќни на крајот на филмот. Претставува безмилосна критика на лицемерието и малограѓанштина.

– Антикорупциската комисија смета дека нема судир на интереси при изборот на поротникот Митко Сандев, за кој ВМРО – ДПМНЕ тврди дека е член на партијата на пензионерите која пак е коалициски партнер на СДСМ.

– Поставени се темелите за интензивирање на одбранбената соработка меѓу двете земји – сојузнички во НАТО, Северна Македонија и Словачка, со што ќе се развијат и националните, но и капацитетите на Алијансата за колективна одбрана, беше истканато на средбата меѓу министерката за одбрана Радмила Шекеринска и нејзиниот словачки колега Јарослав Над, која се одржа во Братислава.

– Многу сум среќна да соопштам дека Европската комисија одлучи да му даде зелено светло на грчкиот план за закрепнување и отпорност „Грција 2.0“, како што е насловен, а ова следи по одличната соработка меѓу нашите тимови, порача претседателката на ЕК Урсула фон Дер Лајен од Атина за време на настанот со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за презентација на планот на земјата за закрепнување, јави дописничката на МИА од Атина.

Руските власти денеска ја поздравија посветеноста на претседателите на Русија и САД за дијалогот за стратешка безбедност и нуклеарно разоружување и оценија дека САД „се враќаат на здравиот разум“.

– Легендарниот италијански голман Џанлуиџи Буфон ќе се обиде следната сезона да и помогне на екипата на Парма да се врати во Серија А, откако денеска официјално е соопштено дека 43-годишниот чувар на мрежата се врати во клубот во кој ја започна својата блескава кариера.

– Брендот за долна облека, „Викторија’с сикрет“ вчера најави нов правец во рекламирањето, со нови лица како „ангели на Виктрија“. Една од нив е ѕвездата на американскиот национален фудбалски тим, Меган Рапино.

Back to top button
Close
Close